(Видео) Судии се тепаа на детски натпревар во САД
Доживеавме и ова да го видиме во светот на спортот, тепачка на судии среде натпревар. Се случи во САД на дуел на детски кошаркарски тимови. На дуелот одигран во Колорадо, тројцата судии започнаа тепачка во последната четвртина. Четвртиот судија заедно со претставници на салата се обиде да ги раздвои завојуваните страни… ⬇️ 𝐖𝐚𝐭𝐜𝐡: Last Saturday, at a Colorado youth basketball …
Continue Reading
Тен Хаг: Не го заслуживме поразот, игравме добро
Манчетер јунајтед имаше епизодна улога во А групата во Лигата на шампионите. Во конкуренција на Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај, Јунајтед заврши на последното место во групата. Синоќа на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед со пораз (0:1) од Баерн ја заврши европската авантура за сезоната 2023/204. Долго ќе се анализира овој дебакл на Манчестер јунајтед, кој урна негативен рекорд, откако Андре …
Continue Reading
Удоги го продолжи договорот со Тотенхем
Тотенхем го продолжи договорот со левиот бек, Дестини Удоги. Младиот Италијанец се обврза да остане во клубот до јуни 2030 година. Удоги (21) потпиша повеќегодишен договор со Тотенхем во август 2022 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Удинезе. За Тотенхем сезонава одигра 13 натпревари и постигна еден гол. Удоги ги помина сите младински селекции на Италија, а …
Continue Reading
(Видео) Историски успех на Копенхаген, Јунајтед ја заврши сезоната во Европа, Бенфика во 92.минута обезбеди место во Лига Европа
Foto/ EPA Копенхаген и Наполи се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите. Најголеми губитници од вечерашните натпревари се Манчестер јунајтед и Салцбург. Данскиот шампион успеа да заврши на второто место во Б групата. Зад себе ги остави фаворизираните Галатасарај и Манчестер јунајтед. Копенхаген го доби дуелот со директниот конкурент Галатасарај. Стрелец на единствениот гол беше Лерагер во 58.минута. Со …
Continue Reading
Роналдо: Жалам што не дојдов порано во Ал Наср
Португалецот Кристијано Роналдо изјави дека жали што не дошол порано во Саудиска Арабија. Роналдо на крајот на минатата година се пресели од Манчестер јунајтед во Ал Наср и досега има постигнато 40 голови. Последен пат беше прецизен на четвртфиналниот натпревар од Купот на Саудиска Арабија против Ал Шабаб. „Многу сум среќен што играм за Ал Наср и се радувам што …
Continue Reading
(Видео) Севилја ја заврши европската авантура, Арсенал во Ајндховен го потврди првото место
Foto/ EPA Натпреварите во Б групата го отворија последното коло, во фазата по групи, во Лигата на шампионите. ПСВ и Арсенал одиграа 1:1, додека Севилја ја заврши европската авантура за оваа сезона, откако загуби во Ланс со 2.1. Арсенал го освои првото место на табелата во Б групата, ПСВ се втори, а во Лига Европа ќе продолжи Ланс. Севилја со …
Continue Reading
(Видео) Трагедија: Гром усмрти фудбалер на натпревар во Бразил, четворица се повредени
Тажна вест доаѓа попладнево од Бразил. Младиот фудбалер, 21-годишниот Кајо Енрике де Лима Гонсалвеш настрада откако го удри гром на натпревар во Санто Антонио да Платина. Беше дел од аматерскиот фудбалски клуб од Жапира во регионот Парана. Покрај него, од гром се повредени уште четворица фудбалери. Навивачите го снимија моментот кога се случи страшниот инцидент, пренесува Глобо. 🚨⚠️ GRAVE Jogador …
Continue Reading
Капитенот на Челзи повторно се повреди
Капитенот на Челзи, Рис Џејмс ја повреди тетивата и ќе пропушти неколку натпревари, објави клуб од Стенфорд Бриџ. Рис е еден од тројцата играчи на Челзи кои се повредија на неделниот натпревар против Евертон (0:2) на Гудисон, заедно со голманот Роберто Санчез и левиот бек Марк Кукуреља. Џејмс оваа сезона одигра само осум натпревари во Премиер лигата, а истата повреда …
Continue Reading
Шест атлетичари прогласени за најдобри во светот
Светската атлетика прогласи шест атлетичари за најдобри во светот во 2023 година. Годинава за прв пат беше одлучено да не се избираат само една жена и еден маж, туку да бидат застапени сите дисциплини. Така беа избрани најдобрите во тркачките дисциплини, најдобрите во техничките дисциплини и најдобрите во трките надвор од стадионот. Тигисет Асефа (маратон) Јулимар Рохас (трискок) Фејт Кипјегон …
Continue Reading