Грузија на пенали ја победи Грција и се пласира на ЕУРО 2024

a16311b7a089722734e9c223bda65bd1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалската репрезентација на Грузија се пласираше на Европското првенство во Германија. Грузија по изведувањето пенали ја победи Грција со 4:2.

По 90 минути игра во Тбилиси, немаше голови, а немаше голови и по дополнителни половина час игра, па патникот на ЕУРО и последниот член на групата Ф беше решен во пенал-рулетот.

Грците беа неуспешни во првата серија, домаќините возвратија со промашен пенал во третата, а нервоза имаше и во следната серија. Овој пат повторно потклекнаа Грците, а таквиот подарок го искористија грузиските фудбалери и испишаа историја.

За првпат ќе играат на самитот на најдобрите европски селекции. Грузија ќе игра во групата Ф со Турција, Португалија и Чешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK