Вака ќе изгледа форматот на новата Лига на шампиони
Со последниот судиски свиреж на натпреварите од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, заврши една ера во елитното фудбалско натпреварување. Форматот што последен пат го видовме во средата, замина во историјата. Од следната сезона стартува новата, побогата и погламурозна Лига на шампиони. УЕФА во последните години преговараше со најбогатите и најсилните европски клубови за новиот формат на …
Continue Reading
Шарас го презеде Фенербахче
Кошаркарскиот клуб Фенербахче има нов тренер. Клубот од Истанбул експресно реагираше и на функцијата нов тренер го назначи Литванецот Шарунас Јасикевичиус. На кормилото на тимот ќе го наследи Гркот Димитрис Итудис со кого Фенербахче вчера ја прекината соработката. Според договорот, Јасикевичиус ќе го предводи Фенербахче до крајот на сезоната 2025/26. Во богатата играчка кариера, Јасикевичиус, кој е роден на 5 …
Continue Reading
(Видео) Американецот Бенет победи во Валгардена
Спектакл и сезација донсе првиот спуст во новата сезона во Светскиот куп. Трката се возеше во Вал Гардена. За сензацијата се погрижи Американецот, Брус Бенет, кој победи со стартен број 34. Бенет без грешка ја мина патеката и со резултат 1:23.80 минути го освои првото место. Интересно е што ова му е втора победа во кариерата, а првата ја постигна …
Continue Reading
Александар Јончевски го презеде Башкими
Актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Алкесандар Јончевски, најде нов клупски ангажман, откако неодамна ја прекина соработката со Кожув. Јончевски се сели во соседно Косово, тој договори соработка со Башкими. Клубот објави дека новиот тренер од утре ќе започне со работа. Јончевски има искуство во шампионатот на Косово, во минатото работеше во Трепча. Во кариерата бил тренер на Гостивар, …
Continue Reading
Сари ја сака Барселона во осминафиналето
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари сака да се сретне со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Лацио заврши на второто место во групата зад Атлетико Мадрид и ќе биде во вториот шешир на ждрепката во понеделник. Покрај Барселона потенцијални ривали на Наполи се: Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Арсенал, Баерн Минхен, Реал Сосиедад. „Би сакал да се сретнам со Барса …
Continue Reading
Чави и Деко се скарале по поразот во Антверпен
Вчера Барселона загуби од Антверпен со 3:2 во шестото коло од Лигата на шампионите. Шпанскиот шампион од првото место се пласираше во осминафиналето, но поразот дополнителн ја влоши ситуацијата во клубот. Неприфатливо е Барселона да прими седум гола на два натпревари, во неделата го загуби дербито од Џирона на домашен терен со 2:4. Видливо е дека Барселона се мачи и …
Continue Reading
Иванишевиќ не е тренер на годината, Ѓоковиќ „удри“ по АТП
Новак Ѓоковиќ не пропушти да реагира на одлуката на АТП, наградата „тренер на годината“ да им ја додели на менторите на Италијанецот Јаник Синер. Во најтесната конкуренција беше и Горан Иванишевиќ, тренерот на Ѓоковиќ, но на крајот остана без престижната награда. Дарен Кејхил и Симоне Вањози ја добија награда, а во конкуренција уште беа Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, …
Continue Reading
Гвардиола и двајца Италијанци кандидати за тренер на годината
ФИФА, светската куќа на фудбалот, го објави потесниот круг од тројца кандидати, кои ќе се најдат во изборот за тренер на годината. Номинирани за престижната награда се Пеп Гвардиола и двајца Италијанци Лучијано Спалети и Симоне Инзаги. Јасно е дека Гвардиола е првиот фаворит. Со Сити стана европски првак, а во Англија ја одбрани титулата и го освои ФА купот. …
Continue Reading
„Ниту еден од победниците во групите нема да сака да се соочи со ПСЖ“
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по пласманот во осминафиналето, во Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим во февруари ќе биде многу посилен. ПСЖ синоќа одигра 1:1 на гостински терен со Борусија Дортмунд, во последното коло од групата Ф и го освои второто место, пред Милан и Њукасл. „Многу сум среќен… Поминавме една тешка група. Ова само ќе ни помогне …
Continue Reading