Самарџиќ доаѓа на местото на Елмас во Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи го обнови интересот за српскиот репрезентативец од Удинезе, Лазар Самарџиќ, пренесува Калчомеркато. Наполи се активира на трансфер пазарот за да ја пополни дупката во ростерот која настана со заминувањето на Елиф Елмас во Лајпциг. На Самарџиќ во летниот преоден рок му пропадна договорениот трансфер во Интер. Калчомеркато тврди дека интерес за фудбалерот покажува и Јувентус, но дека …

Continue Reading

Модриќ се договорил со Ал-Наср

Лука Модриќ влегува во последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид и извесно е дека нема да потпише нов. Капитенот на хрватската репрезентација веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата. „Тодофихајес“, шпански портал специјализиран за трансфери, тврди дека 38-годишниот играч од средниот ред веќе постигнал договор со својот следен клуб. „Пред неколку недели Модриќ ги извести челниците на …

Continue Reading

ПСЖ го договори Лукас Бералдо

Фудбалерот на Сао Паоло, Лукас Лопез Бералдо се согласил да се пресели во Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми. Бералдо (20) е младински репрезентативец на Бразил, а годинава за Сао Паоло одигра 48 натпревари и постигна еден гол. Тој игра на позицијата стопер. Француските медиуми пренесуваат дека младиот бразилски фудбалер на почетокот на следната година би требало да потпише договор …

Continue Reading

ФИФА го предупреди Бразил: Државата да не се меша во фудбалот

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од меѓународните натпреварувања, поради потенцијално мешање на државата во изборот на новиот претседател на организацијата. ФИФА е загрижена за претстојните избори за претседател на бразилското фудбалско тело, кој би го заменил Едналдо Родригез на таа позиција, кои се закажани за јануари 2024 година. Светската …

Continue Reading

„Дербито беше невиден срам за фудбалот“

Турската јавност е разочарана од она што вчера во големото дерби, на теренот го прикжаа фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај. Дербито на водечките екипи во шампионатот заврши 0:0, со само еден удар кон противничкиот гол и дури 45 прекршоци. Легендата на турскиот фудбале Мустафа Денизли, тренер во кариерата ги предводел двата клуба во изјава за медиумите „срам за фудбалот“. „Не …

Continue Reading

Зиелински реши да го напушти Наполи

По Елиф Елмас и Пјотр Зиелински донел одлука да го напушти Наполи. Разликата е само во тоа што Елмас веќе си замина од Неапол, а Полјакот тоа ќр го направи за шест месеци. Пјотор Зиелински одби да го продолжи договорот со клубот кој му истекува на 30 јуни наредната година. Бидејќи на 1 јануари влегува во последните шест месеци од …

Continue Reading

Монца би можела да испадне од календарот на Формула 1

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали (58), призна дека иднината на Монца како домаќин на Италијанското ГП е неизвесна освен ако организаторите на трката и сопствениците на патеката не направат некои значителни подобрувања. „Храмот на брзината“ е домаќин на Формула 1 од 1950 година, а Монца го држи и рекордот по бројот на одржани трки на една патека (72). …

Continue Reading

Аврамовски го напушти Сараево, се сели во Турција

Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Аврамовски пред неколку дена си замина од клубот во кој пристигна во февруари 2022 година. Кариерата, Аврамовски, ќе ја продолжи во турската втора лига, во екипата на Болуспор. Даниел Аврамовски во минатото играше во Турција, во екипата на Кајзериспор од каде пристигна во Сараево. Кариерата ја започна во Работнички, …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Сеп Мајер: Тони Крос не треба да игра за Германија на ЕП 2024

Поранешниот голман на Баерн Минхен, Сеп Мајер изјави дека Тони Крос не треба да биде дел од националниот тим на Европското првенство. Некои германски медиуми неодамна објавија дека Крос би можел повторно да го облече дресот на Германија. Последен пат тој за Германија настапи во 2021 година на Европското првенство. „Не би го вратил Крос. Мислам дека не би било …

Continue Reading