Вардар 1961 го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

427949843_1201943054512200_550965614814359048_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister



Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 24:20 (12:11), во осмото коло, во Супер лигата. Со овој триумф црвено-црните останаа во шампионската трка, на табелата сега имаат два бода помалку од најголемиот ривал.

Дербито во „Јане Сандански“ донесе голема борба, малку квалитетна игра и врвна партија на голманот на Вардар 1961, Мартин Томовски.

На теренот, црвено-црните први стекнаа предност од два гола уште во 10.минута, но таа предност Пелистер експресно ја анулираше. На полувреме домаќинот замина со предност од еден гол.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер за прв пат дојде до предност 19:18, а потоа и 20:19 и тука зстана нивниот напад. До крајот на мечот зелените речиси 15 минути не постигнаа гола, па Вардар 1961 со серија од епт гола го реши натпреварот.

Томовски 12 одбрани (три седмерци) беше најдобар кај црвени-црните. Стрелците ги предводеше Јапонецот Јасукира шест гола (пет од седум метри), а Георгиевски, Родригез и Петриќ постигнаа по четири гола.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Тајник со шест гола, неговиот сонардоник голманот Лесјак забележа осум интервенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK