Васер и Хамилтон се нервозни поради Саинц

XPB_1201022_HiRes.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ферари на почетокот на сезоната направи сензационален трансфер и одлучи од следната година за Скудерија да вози седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.



Трансферот на Хамилтон, го остави без место во тимот Карлос Саинц, бидејќи претходно Ферари го продолжи договорот со Шарл Леклер.

Саинц сигурно ќе најде тим за наредната сезона, особено по извонредните резулати што ги забележа на три од четирите трки на кои возеше од почетокот на сезоната. Една трка Шпанецот пропушти поради операција на слепото црвено.

На трите трки на кои учествуваше еднаш победи, а два пати го освои третото место.

По ваквите резултати на Саинц, логично се поставу прашањето дали Ферари направи грешка кога реши да се откаже од неговите услуги.

По трката во Сузука, Фред Васер, првиот човек на Ферари, не сакаше да зборува на оваа тема.

„Истото прашање го поставувте пред две недели. Само копирајте го мојот одговор од тогаш. Следно прашање“, рече нервозниот Васер.

Слично реагираше и Хамилтон, кој сезонава вози во катастрофална форма во Мерцедес. Негов најдобар финиш беше седмото место во Бахреин.

На прашањето дали е љубоморен што Ферари е толку брз во моментот, тој возврати со контра прашање.

„Имате ли подобро прашање“, рече Хамилтон и ја напушти прес-конференцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK