Барела го продолжи договорот со Интер

Фудбалерот на Интер, Николо Барела го продолжи договорот со клубот до 2029 година. 27-годишниот играч од средниот ред беше еден од клучните играчи на Симоне Инзаги во текот на минатата сезона кога Интер ја освои титулата во Италија. Одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, 37 во Серија А и постигна два гола. Барела пристигна во Интер во 2019 година и …

Continue Reading

Рекордерот Роналдо: Знаеме дека можеме да го освоиме ЕП

Португалија, во генералната проба пред почетокот на Европското првенство, ја победи Република Ирска со 3:0. Натпреварот во Авеиро го обележа ветеранот Кристијано Роналдо. Откако првиот гол го постигна Жоао Феликс, Роналдо со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Ирците. Роналдо го подобри својот рекорд, во дресот на националниот тим дојде до бројката од 130 голови. „Имаме се …

Continue Reading

Реал ќе се засили со плејмејкер од Доминиканска Република

Кошаркарот на Хувентуд, Андрес Фелиз (27) ќе биде првото засилување на Реал Мадрид за следната сезона, објави „Марка“. Овој портал вели дека Фелиз и Реал веќе постигнале договор според кој играчот треба да потпише договор 2+1, но за тоа да се случи потребно е европскиот вицешампион да плати ја плати отштетата. Раководството на Реал е во преговори да ја намали …

Continue Reading

Левендовски нема да игра против Холандија

Роберт Левандовски ќе го пропушти првиот нтпревар на Полска на Европското првенство во Германија. „Правиме се што е можно за да може Роберт да го одигра вториот натпревар на турнирот против Австрија“, изјави во вторникот првиот човек на лекарскиот тим на Полска, Јацек Јарозевски. Левандовски се повреди, синоќа на пријателскиот натпревар со Турција. „Денеска ги прегледавме тројцата играчи кои се …

Continue Reading

Евролигата нема ништо да менува до 2040 година

На состанокот бордот на Евролигата е донесена одлука системот да не се менува до 2040 година. Како што објави познатиот грчки новинар Арис Баркас и неговиот „Еурохупс“, во следните 17 години нема да има големи промени во Евролигата (поточно 15 бидејќи договорот со ИМГ завршува во 2026 година). Акционерите во Евролигата, поточно 13 клубови кои одлучуваат, решија да го продолжат …

Continue Reading

Саутгејт ќе замине ако не ја освои европската титула

Герет Саутгејт, селекторот на Англија најави дека речиси сигурно ќе го напушти кормилото на репрезентацијата доколку не ја освои титулата европски првак во Германија. „Ако не победиме, веројатно повеќе нема да бидам на оваа позиција. Можеби ова е последна шанса. Сигурно половина од тренерите ќе си заминат по ЕП. Таква е нашата работа“, рече Саутгејт. Саутгејт на клупата на Англија …

Continue Reading

Клосе го презеде Нинберг

Мирослав Клосе, поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, во следните две сезони ќе биде тренер на Нинберг. Клосе кој се повлече од професионалниот фудбал на крајот од сезоната 2015/16, досега беше прв тренер на Алтах во Австрија, но на клупата остана само 24 натпревари. Работеше и како асистент во Баерн (2020-2021) и самостојно го водеше …

Continue Reading

Уште еден тежок удар за Холандија – И Компмајнерс ќе го пропушти ЕУРО 2024

Одличниот играч за врска на Аталанта и на холандската репрезентација, Теун Копмајнерс (26), отпадна од списокот за ЕП само пет дена пред првиот натпревар на Холандија. Причината е бизарна. Пред синоќешниот натпревар против Исланд, Копмајнерс самиот се повредил на загревањето. Холандскиот фудбалски сојуз штотуку објави дека Копмајнерс мора да го пропушти ЕП, откако синоќа објави дека Френки де Јонг, уште …

Continue Reading

Шешко го бараа неколку клубови тој реши да остане во Лајпциг

Еден од најбараните напаачи во Европа, Бенјамин Шешко (21), пред почетокот на Европското првенство донел одлука околу својата иднина. Изминатите недели Шешко најчесто се поврзуваше со Арсенал и Милан. Шешко, како што тврди трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, решил да остане во Лајпциг. Според новинарот, Шешко верува дека најдобро за неговата кариера е да остане во Лајпциг уште една сезона. Шешко во …

Continue Reading