Едерсон ќе отсуствува еден месец
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, ќе отсуствува од терените најмногу еден месец поради повреда на мускулот. Бразилецот се повреди во неделата на натпреварот против Ливерпул (1:1) во Премиер лигата. Едерсон се повреди во второто полувреме кога го фаулираше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез за пенал, од кој Ливерпул го изедначи резултатот. Бразиелцот го продолжи натпреварот, но набргу беше заменет со …
Continue Reading
Сензација во Индијан Велс, лаки лузер го елиминира Ѓоковиќ
Лука Нарди, 123. играч на АТП листата, приреди сензација на Мастерсот во Индијан Велс со елиминацијата на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Нарди, кој на турнирот влезе како лаки лузер, славеше во три сета со 6:4, 3:6, 6:3. „Мислам дека никој досега не слушнал за мене. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Презадоволен сум”, изјави Нарди по мечот. Пред …
Continue Reading
Ако ја елиминираат Барселона играчите на Наполи ќе поделат 10 милиони
Фудбалерите на Наполи имаат можност да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и да го потврдат учеството на првиот Мундијал за клубови со 32 учесници. Како што е познато, во 2025 година ќе се одржи првото клупско СП со 32 екипи, а учеството ќе го потврди и Наполи доколку се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. …
Continue Reading
Фелипе Маса ја тужи ФИА, ја бара титулата на Хамилтон од 2008 година
Поранешниот возач на Ферари, Бразилецот Фелипе Маса (42) покрена правна постапка против раководството на Формула 1, поранешниот комерцијален директор Берни Еклстоун и први човек на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), поради исходот од Светското првенство во 2008 година. Маса верува дека ФИА ги прекршила сопствените регулативи и дека тој би бил шампион доколку веднаш била покрената истрага за инцидентот на Големата …
Continue Reading
Роналдо: Ако оди во Реал, Мбапе ќе ја добие Златната топка
Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо изјави дека Килијан Мбапе ќе ја освои Златната топка доколку потпише договор со Реал Мадрид. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната. Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал на крајот од сезоната. „Треба да почекаме да биде официјално …
Continue Reading
Салах побарал да ги прескокне наредните натпревари на Египет
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах побарал да не игра за репрезентацијата на следните натпревари, соопшти денеска селекторот на Египет селекција Ибрахим Хасан. Селекторот на „Фараоните“, на прес-конференцијата изјави дека капитенот на репрезентацијата побарал да не игра на пријателскиот турнир во Абу Даби, каде на 22 март Египет ќе игра против Нов Зеланд, а три дена подоцна против победникот од натпреварот …
Continue Reading
Ребиќ исфрлен од Бешикташ
Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ заврши со Бешикташ, откако тренерот и клупските челници донесоа одлука да го отсрни од тимот. Светскиот вицешампион од Русија во 2018 година дојде во Истанбул од Милано како големо засилување на стартот од сезоната, но не успеа да се снајде. Ребиќ одигра само 691 минута од почетокот на сезоната, постигна само еден гол и додаде пет …
Continue Reading
Камерун суспендираше 62. играчи
Фудбалскиот сојуз на Камерун суспендираше 62. играчи бидејќи лажеле за возраста. Сите се тие се преставували како помлади од што се и тоа им помогнало да играат за репрезентации и да бидат доминантни. Меѓу нив е и Вилфред Дуала, членот на Викторија Јунајтед, кој за Камерун играше на Африканскиот куп на нации. Во неговата биографија стои дека има 17 години, …
Continue Reading
АС: Столе Димитриевски се договорил со Валенсија
Столе Димитриевски по завршувањето на сеозната ќе се пресели на „Местаља“ во Валенсија. „АС“, тврди дека македонскиот репрезентативец потпишал преддоговор со Валенсија. Столе Димитриевски има договор со Рајо ваљекано до крајот на актуелната сезона, што значи дека тој како слободен играч ќе се пресели во Валенсија. Клубот од „Местаља“ со години има финансиски проблеми, поради што мора да ги продава …
Continue Reading