Челси го продаде бекот кој играше финале во ЛШ

1713303350.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Левиот бек на Челзи, Јан Матсен нема да остане на „Стемфорд Бриџ“ по враќањето од Борусија Дортмунд, бидејќи негова следна станица е Бирмингем.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Астон Вила и Челзи постигнале договор, фудбалерот за околу 40 милиони евра да се пресели на „Вила парк“.

Матсен не е во плановите на Челзи и покрај тоа што имаше одлична сезона во
Дортмунд. Леви бекови во Челси се Марк Кукурела и Бен Чилвел.

Челзи на тој начин заработи солидна сума за играч на кој не смета, додека Емери доби уште еден одличен бек во ротацијата и дополнителна конкуренција за Лукас Дињ и Алкес Морено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK