Лупу: Романија и Словачка ќе го наместат натперварот

Четири репрезентации во Е групата, во последното коло влегуваат со по три бода. Во последното коло Романија ќе игра против Словачка, а Белгија против Украина. Јасно е дека четири бода ќе бидат доволни за пласман во осминафиналето, а вече се знае дека резултатот 0:0 ќе ги однесе Романија и на Словачка во нокаут фазата. За ова зборуваше и поранешниот романски …

Continue Reading

По Начо и Хоселу се сели во Саудиска Арабија

Еден од хероите на Реал во походот на 15. титулата во Лигата на шампионите, Хоселу, во летниот преоден рок ќе го напушти клубот. Искусниот напаѓач, процени дека со доаѓањето на Килијан Мбапе, конкуренцијата во нападот ќе биде толку силна поради што неговата минутажа ќе биде дополнително намалена. Хоселу, ќе тргне по стапките на соиграчот Начо и ќе се пресели во …

Continue Reading

И Аврамовиќ замина од Партизан

По Кевин Пантер, Зек Лидеј, Френк Камински, Пи-Џеј Дожер и Алекса Аврамовиќ го напушти кошаркарскиот клуб Партизан. Како што пренесува „Меридијан спорт“, дефинитивно завршува соработката помеѓу Партизан и Алекса Аврамовиќ, српскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Дел од српските медиуми тврдат дека Аврамовиќ ќе се пресели во редовите на новиот евролигаш, Париз, каде тренер наскоро во нов …

Continue Reading

(Видео) Погба: Пол Погба повеќе не постои

Пол Погба (31), играчот од средниот ред на Јувентус и светски шампион со Франција во 2018 година, пред четири месеци, беше суспендиран на четири години поради допинг. Казната ја одерди италијанското обвинителство за борба против допингот. Погба е суспендиран затоа што тестот на кој бил подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажал дека има …

Continue Reading

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Ветраните, Клеј Томпсон и Пол Џорџ, како што стојат работите наредната сезона нема да бидат дел од Голден стејт Вориорс, односно ЛА Клиперс. Пол Џорџ сака четиригодишен договор, додека Клиперси му нудат само тригодишен договор, поради што тој чека други понуди, додека Томпсон ги замрзнал преговорите и бара други опции. Томпсон е слободен играч, додека Џорџ има опција да го …

Continue Reading

Нико Вилијамс е прескап за Челси

Нико Вилијамс, кричлниот напаѓач на Атлетик Билбао се очекува во летниот преоден рок да го смени клубот. Помладиот од браќата Вилијамс со Шпанија се наоѓа на Европското првенство. Челниците на Челси покажале интерес за Вилијамс, но се повлекле од преговорите. Звучи чудно, но Вилијамс бил премногу скап за Челси. Напаѓачот има откупна клаузула од 58 милиони евра. „Сините“ не биле …

Continue Reading

Таткото Тросар „удри“ по селекторот

По лошата игра и поразот од Словачка на стартот на Европското првенство, Белгија во второто коло ја совлада Романија релативно лесно со 2:0. Во последното коло сите репрезентации од Е групата ќе влезат со по три бода. Победата над Романија, ја подобри атмосферата, која ја наруши изјавата на Петер Тросар, таткото на напаѓачот Леандро. „Сите го критикуваат Леандро дека играл …

Continue Reading

Синер е број 1, Ѓоковиќ го „скокна“ Алкараз

Три недели во Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се врати на второто место на АТП листата. Број 1 е Јаник Синер, кој го освои турнирот во Хале и ја зголеми предноста на врвот. Ѓоковиќ профитираше од раната елиминација на Карлос Алкараз на турнирот во Квинс. Синер ќе биде прв носител на Вимблдон. По освоената титула во Хале, Италијанецот има 9.890 поени. …

Continue Reading

„Животот на Варга не е во опасност, но за него ЕП е завршено“

Унгарскиот репрезентативец Барнабас Варга заработи страшна повреда на натпреварот на неговата репрезентација против Шкотска на Европското првенство во Германија. По сударот со голманот на Шкотска, Ган, кој несакајќи со лакт го удри по главата, остана да лежи на теренот. Неколку минути му се укажуваше помош на теренот, потоа на носилки беше изнесен од стадионот. Тој итно беше префрлен во болница, …

Continue Reading