Најдобриот велосипедист на денешницата ќе ги пропушти ОИ
Најдобриот велосипедист на денешницата, Словенецот Тадеј Погачар, одлучи да не се натпреварува на Олимписките игри во Париз. Човекот чија популарност во Словенија е на исто ниво со НБА ѕвездата Лука Дончиќ неодамна по трет пат во кариерата победи на најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс, но немаше сили ниту за олимписката трка, која на програмата е на 3 август. Погачар …
Continue Reading
Ѓоковиќ во Париз нема да престојува во олимпиското село
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде сместен во олимпиското село за време на Иигрите во Париз, пренесува „Клеј тенис“. Како причина за ваквата одлука се наведуваат претходните Олимписки игри, кога Ѓоковиќ привлекуваше големо внимание од другите спортисти. „Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото“, ја пренесува споменатиот портал изјавата на …
Continue Reading
Малин му одговори на Пешиќ: Нека скокне во српското море да се разбуди
Членот на кошаркарската Куќа на славните и член на оригиналниот американски „дрим тим“, Крис Малин ја коментираше изјавата на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ за кошаркарската репрезентација на САД. На Малин не му пречи да споредува тимови од различни епохи, но очигледно не му се допаѓа кога некој друг е оценет како подобар од него. Минатата недела, по пријателскиот натпревар …
Continue Reading
УЕФА покрена дисциплинска постапка против Мората и Родри
УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри. Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои титулата на ЕП и Родри, најдобриот играч на првенството се обвинети за недолично однесување во Мадрид, на прославата на шампионската титула. Во занес и славење, шпанското дуо пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална …
Continue Reading
(Видео) Хеви-метал легендите го претставија новиот дрес на Астон Вила
Астон Вила го претстави домашниот дрес за новата сезона со помош на иконите на жестокиот звук Ози Озборн и Гизер Батлер, членови на легендарните пионери на хеви метал бендот „Блек Сабат“. Новиот дрес на клубот, кој годинава слави 150 години, го означува и почетокот на соработката со новиот спонзор. Новиот дрес на тимот предводен од Унаи Емери ги задржа традиционалните …
Continue Reading
Најголемиот пораз на Партизан во последните 40 години – Динамо Киев ги понижи црно-белите
Фудбалерите на Партизан претрпеа вистински дебакл, во првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Во Лублин, Полска, Партизан загуби од Динамо Киев со 6:2. Поразот во Лублин е еден од најубедливите порази на Партизан во клупската историја. Последен пат црно-белите, во европските купови, примиле шест гола пред точно 40 години, кога загубија од Квинс Парк …
Continue Reading
Синдикатот на фудбалери поднесе тужба против ФИФА
Европските лиги и Меѓународната организација на професионални фудбалери (ФИФПро) најавија жалба до антимонополските регулатори на ЕУ против меѓународниот календар на ФИФА. Овој потег на двете тела следи по правната постапка што ја покренаа синдикатите на англиските, француските и италијанските играчи против ФИФА за истото прашање во Стопанскиот суд во Брисел минатиот месец. Во наредните недели ќе биде поднесена жалба до …
Continue Reading
Козер по седум сезоно го напушти Реал
Францускиот кошаркар Фабијан Козер по седум сезони го напушта Реал Мадрид, а според „Баскет њуз“ негова следна станица во кариерата ќе биде Олимпија Милано. Козер во Реал Мадрид пристигна во 2017 година од Басконија, а со кралскиот клуб два пати ја освои Евролигата, четири пати АЦБ лигата и пет пати шпанскиот Суперкуп. Кошаркарскиот портал „Баскет њуз“ наведува дека договорот со …
Continue Reading
Бордо исфрлен во третата лига
Фудбалскиот клуб Бордо соопшти дека нема да ја обжали одлуката на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), и дека наредната сезона ќе се натпреварува во третата лига. Челниците на ФФФ го казнија Бордо со преселба од втората во третата лига поради наталожени финансиски проблеми. Бордо е шесткратен шампион на Франција, а последен пат беше најдобар во сезоната 2008/09. Клубот испадна од …
Continue Reading