Хавиер Агире ќе подготвува Рафа Маркез за негов наследник
Хавиер Агире трет пат е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Прв помошник ќе му биде биде Рафаел Маркез, соопштија од Мексиканската фудбалска федерација. „Агире е без сомнение мексикански тренер со најдолга и најпозната кариера во странство, а исто така има широко познавање за тоа како функционираат националните тимови“, изјави денеска директорот на репрезентацијата на Мексико, Дуилио Давино. …
Continue Reading
Баерн ја одби понудата на Јунајтед
Манчестер јунајтед до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира уште еден дефанзивец. Минатата недела на „Олд Трафорд“ за 62 милиони евра од Лил пристигна 19-годишнот Лени Јоро. Челниците на клубот не кријат дека нивна желба е Матијас Де Лихт. Холанѓанецот ги заврши преговорите, ја договори платата и време траењето на договорот, но Баерн досега ги одби сите …
Continue Reading
Ако Мамардашвили остане Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски (30) на 12 јуни како слободен играч, по пет сезони го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во Валенсија. Димитриевски од „Ваљехас“ замина како голман со најмногу настапи за овој клуб. „Среќен сум што ќе го носам дресот на овој голем клуб. Импресиониран сум од стадионот и навивачите“, изјави Димитриевски по пристигнувањето во Валенсија. Иако летово …
Continue Reading
Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан
Фудбалерите на Динамо Киев вечерва ќе го пречекаат белградски Партизан во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Украинскиот тим поради војната домашните натпревари ги игра во странство, Партизан ќе го пречека во Лублин, Полска. Иако фокусот на играчите е на натпреварот, политиката се вмеша во овој меч. Тренерот на Динамо, Олександар Шовковски го критикуваше Партизан за дел од подготовките …
Continue Reading
Енди Мареј ќе се пензионира по ОИ во Париз
Енди Мареј објави дека ќе се пензионира по Олимпијадата во Париз. Познато беше дека Мареј ја донел одлуката да ја заврши кариерата, овогодинешниот Вимблдон на кој за жал не настапи поради повреда му е последен во кариерата, но не сакаше да открие кога ќе се пензионира. Британскиот тенисер, трикратен грен слем шампион, сега и официјално објави дека ОИ во Париз …
Continue Reading
Днипро-1 ги предаде европските натпревари и се повлече од националниот шампионат
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од квалификациите за Конференциската лига. Днипро-1 се соочува со банкрот и како што стојат работите клубот ќе престане да постои. Украинците во квалификациите за Конференциската лига требаа да се сретнат со Пушкаш Академија (Унгарија), но вчера ја известиле УЕФА дека не се во состојба да ги одиграат натпреварите од …
Continue Reading
Савиќ по девет години го напушти Атлетико Мадрид
Стефан Савиќ по девет години го напушти Атлетико Мадрид. Црногорецот до минатата сезона беше еден од најважните играчи во тимот на Чоло Симеоне, се здоби со статус на легенда. Со „јорганџиите“, Савиќ стана шампион на Шпанија, ја освои Лига Европа, Суперкупот на Европа… Кариерата ќе ја продолжи на брегот на Црното море, во дресот на Трабзон. Савиќ потпиша тригодишен договор …
Continue Reading
Онана се пресели во Астон Вила
Поранешниот играч за врска на Евертон, Амаду Онана е новото засилување на Астон Вила, соопшти од клубот од Бирмингем. Белгиецот (22) потпиша петгодишен договор со Астон Вила, а медиумите пренесуваат дека клубот за неговите услуги издвои 60 милиони евра. Професионалната кариера Онана ја започна во 2020 година во Хамбург, за кој настапуваше една година, како и за француски Лил, кој …
Continue Reading
Лунин со оди од Реал, не сака да му биде резерва на Куртоа
Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин одлучи да го напушти „кралскиот клуб“. Оваа вест ја објавиди „Марка“, медиум кој секогаш има веродостојни информации кога се во прашање случувањата во Реал. Според овој извор и новинарот Карлос Каприо, Лунин не сака да му биде резерва на Тибо Куртоа. „Добив потврдена и целосно јасна информација дека Лунин ќе го напушти Реал Мадрид.“ …
Continue Reading