(Видео) Дебитантот Елферсберг го победи Баер Леверкузен

Новата сезона во Бундеслигата започна, започна синоќа со победата на Баерн над Штутгарт (5:1), а попладнево се случи најголемото изненадување. Дебитантот во Бундес лигата Елферсберг успеа да го победи Баер Леверкузен со 3:2. Елферсберг го направи најголемото изненадување попладнево, бидејќи на домашен терен го победи Баер Леверкузен. Бугаринот Лукас Петков, ќе остане запишан во историјата на клубот, како стрелец на …

Continue Reading

Марк Маркез победи на спринт трката во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на 13-та рунда од овогодинешното Мото ГП првенство. Деветкратниот светски шампион, остана непоразен на патеката „Моторленд“ на трки откако вози мотоцикл на Дукати, бидејќи го забележа својот трет триумф во спринтот, а има и две победи во главните трки. На домашен терен, Маркез ја постигна својата …

Continue Reading

(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул, Форест однесе бод од „Енфилд“

Ливерпул и Нотингем Форест одиграа 2:2 на „Енфилд“, во второто коло од Премиер лигата. Ливерпул, и вториот натпревар од новата го заврши со нерешен резултат, откако исто така одигра 2:2 против Њукасл во првиот натпревар. Форест поведе во 24-та минута со голот на Дан Ндоје. Ливерпул се обидуваше да израмни до крајот на првото полувреме, а Флоријан Вирц успеа да …

Continue Reading

Ландо Норис потпиша нов договор со Мекларен

Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Ландо Норис, во саботата објави дека го продолжил договорот со Мекларен до крајот на 2030 година и изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во тимот каде што се чувствува како дома. 26-годишниот Британец, победник на последните две трки во Унгарија и Холандија, им ја соопшти веста на вработените во Мекларен за време …

Continue Reading

Леао плачел на збогувањето со Милан

Рафаел Леао (27), лево крило на Милан и португалската репрезентација, отпатува за Истанбул за да потпише договор со Галатасарај, откако ќе ги мине медицинските прегледи. „Газета дело Спорт“ го фати на аеродромот во Милано и успеа да земе изјава од фудбалерот. „Го сакам Милан и таа љубов никогаш нема да заврши. Јас сум дел од историјата на клубот. Го гледав …

Continue Reading

Мурињо: Трофеите не треба да се решаваат кој ќе ја добие „Златната топка“

Жозе Мурињо го презентираше својот став за критериумите за доделување на Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Португалецот смета дека наградата не треба да се доделува само врз основа на освоените тимски трофеи, туку треба да му се додели на најдобриот играч во светот. Во својот осврт, Мурињо предложи и поинаков пристап за легендарните играчи. „Златната топка треба да …

Continue Reading

Комплетен распоред на ЛШ – На почетокот дерби натпреварите се во Мадрид и Ливерпул

УЕФА го објави комплетниот распоред на лигашката фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, а љубителите на фудбалот можат да очекуваат големи европски судири уште на почетокот на натпреварувањето. Првото коло ќе се игра од 8 до 10 септември, а едно од дербињата од воведното коло ќе биде дуел помеѓу Реал Мадрид и Интер, додека Ливерпул ќе биде домаќин …

Continue Reading

Брентфорд плати 41 милиони евра за лев бек

Сенегалскиот лев бек Ел Хаџи Малик Диуф (21) е нов играч на Брентфорд, објави клубот од Лондон. Диуф потпиша петгодишен договор со Брентфорд, а во клубот доаѓа од Вест Хем за дури 41 милион евра, со потенцијален бонус од шест милиони евра, објави „Скај Спортс“. Овој дефанзивец одигра 34 натпревари за Вест Хем минатата сезона, забележа пет асистенции во сезоната …

Continue Reading

Енцо се договорил со „Граѓаните“ – Сега Сити треба да се договори со Челзи

Планот на Енцо Мареска е блиску до реализација, Енцо Фернандез е на добар пат да се пресели во Манчестер Сити. Како што утрово објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, аргентинскиот играч од средниот ред постигнал договор со Сити преку своите менаџери за лични услови за соработка и сега на Сити му останува најтешкиот дел од работата, да го договори обесштетувањето за …

Continue Reading