Мурињо: Трофеите не треба да се решаваат кој ќе ја добие „Златната топка“


depositphotos_724062960_xl-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жозе Мурињо го презентираше својот став за критериумите за доделување на Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.


Португалецот смета дека наградата не треба да се доделува само врз основа на освоените тимски трофеи, туку треба да му се додели на најдобриот играч во светот. Во својот осврт, Мурињо предложи и поинаков пристап за легендарните играчи.

„Златната топка треба да им се додели на некои играчи веднаш по завршувањето на кариерата, бидејќи засекогаш ќе ни недостигаат“, рече Мурињо, наведувајќи ги Марадона, Кристијано Роналдо, Меси, Роналдо Назарио и Зидан како примери.

Португалскиот тренер ја критикуваше практиката во која освојувањето на големи натпреварувања станува клучно за добивање на наградата.

„Не можете да му ја дадете Златната топка на некого само затоа што ја освоил Лигата на шампионите или Светското првенство. Ако треба да му ја дадете на некого само затоа што ја освоил Лигата на шампионите, тогаш дајте му ја на Луис Енрике“, рече тој.

Тој нагласи дека индивидуалниот квалитет мора да биде на прво место.

„Мора да оди кај најдобриот играч во светот, не мора да биде Шпанец или играч на ПСЖ. Еден од трите или четирите најдобри играчи во светот мора да ја добие, а тие играчи се тука“, рече тој на прес-конференцијата Мурињо, асоцирајќи дека Златната топак треба да му припадне на Килијан Мбапе.

Конечно, Мурињо заклучи дека и надворешни фактори биле вклучени во изборот.

„Политиката се вмеша во Златната топка, а јас не сакам да се занимавам со политика.“

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK