Со новите победи, ШК Алкалоид уште поблиску до одбраната на титулите
Машкиот и женскиот тим на ШК Алкалоид остварија уште по две нови победи на Екипните првенства на Македонија кои се одржуваат во Струмица. Викендов, машкиот тим имаше уверливи победи против ШК Куманово и ШК Прилеп, два клуба кои имаат долга традиција како прволигаши и секогаш се незгодни противници кои атакуваат на некое од првите три места во елитната дивизија. …
Continue Reading
Одби да се бори против Израелец – Алжирски џудист дисквалификуван од ОИ
Репрезентативецот на Алжир во џудо, Дрис Месауд е исфрлен од Олимписките игри. Месауд (22) одби да влезе во арената против израелскиот ривал Тохар Бутбул, што резултираше со автоматска дисквалификација. Двајцата требаше да се натпреваруваат во утринските часови на третиот ден, но тоа не се случи. Причината секако е војната меѓу Израел и Палестина, против која Месауд како докажан голем муслимански …
Continue Reading
Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити
Леон Маршан и го донесе првиот златен медал на Франција на пливачките натпревари, на Олимписките игри во Париз. Маршан, според многумина, идната мегаѕвезда на светското пливање славеше со олимписки рекорд во неговата омилена дисциплина 400 метри мешано. Рекордот на Мајкл Фелпс, францускиот пливач го урна со време 4:02.95 минути. Тој беше само за 45 стотинки побавен од неговиот личен и …
Continue Reading
(Видео) Најдобриот во светот загуби, па направи хаос
Најдобриот мечувалец во светот, Грузиецот Сандро Базадзе, беше елиминиран во осминафиналето на Олимписките игри. Подобар од Базадзе беше Мохамед Амер од Епиги со 15:14. Финишот на мечот привлече големо внимание бидејќи и двајцата ја славеа победата. Со оглед на тоа што Грузиецот веруваше дека го направил потегот за победа, беше шокиран од поразот, кој го прогласи судијката Ванеса Чичон откако …
Continue Reading
Расел дисквалификуван, Хамилтон победи во Спа Франкошамп
ФИА му ја одзеде победата на возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Британецот, со брилијантна стратегија прв мина ноз целта на Големата награда на Белгија пред тимскиот колега Луис Хамилтон и возачот на Мекларен, Оскар Пјастри. На Расел победата му е одземена бидејќи неговиот болид беше за еден и пол килограм полесен од дозволеното. По дисквалификацијата на Расел, триумфот му …
Continue Reading
Мојсовска не успеа да влезе во финалето во дисциплината 10 метри воздушна пушка
Фото/ facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok Анастасија Мојсовска претпладнево настапи на 33.летни олимписки игри во Париз. Мојсовска настапи во квалификациите во дисциплината 10 метри со воздушна пушка. Мојосовска не успеа да го подбри државниот рекорд, во квалификациите погоди 625,3 кругови, што е добар резултата. Нејзиониот најдобра резултат кој е и државен рекорд изнесува 628,8 кругови. Доколку го повтореше овој резултат ќе имаше пласман во …
Continue Reading
Пол позиција за Ферстапен, но Леклер ќе стартува прв
Макс Ферстапен издоминира во кавлификациите пред утешената трка за Големата награда на Белгија. Актуелниот првак и лидер во генералниот пласман ја освои пол-позицијата, но поради казната бидјќи ја смени погонската единца ќе стартува од 11.позиција. Колоната утре на Спа Франкошамп ќе ја поведе возачот на Ферари, Шарл Леклер. На влажната патека, во последниот круг Шарл Леклер успеа да дојде до …
Continue Reading
Директорот на Алпин го напушти тимот
Директорот на Алпин, Бруно Фамин, ќе го напушти тимот до крајот на август. Како што најавија од францускиот тим, во догледно време ќе биде назначен нов тимски директор. Фамин ќе го води тимот на неделната трка за Големата награда на Белгија, по што ќе следи пауза во шампионатот во Формула 1, до трката во Холандија на 25 август. Фамин ќе …
Continue Reading
Ѓуретановиќ последен во својата група на 400 метри слободно
Првиот Македонец кој се појави на борилиштата на 33. Летни олимписки игри во Париз, Марко Ѓуретановиќ имаше лош настап во кавлификациите на 400 метри слободно. Во својата група, Ѓуретановиќ заврши на последното место со време 4:05.38, што е за три секунди послаб резултат од времето со кое беше пријавен за ЛОИ. Ѓуретановиќ со ова го заврши својот настап на Летните …
Continue Reading