Ф1: Ферстапен се израмни со Сена според бројот на победи

Со триумфот во трката за Големата награда на Канада во неделата вечер, холандскиот возач Макс Ферстапен дојде до својата 41 победа во Формула 1 со што се израмни со остварувањето на легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Воедно, Ферстапен на својата Ред Бул и ја донесе јубилејната 100 победа во конкуренција на конструктори. Втор низ целта на патеката во Монтреал мина Шпанецот …

Continue Reading

Професионална Велосипедска трка во Oпштина Илинден

Општина Илинден, во соработка со Велосипедската федерација денеска организираше велосипедска трка во должина од 100 километри на којашто учествуваа седумдесетина професионални велосипедисти од цела држава во шест категории; У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит, информираат од Општина Илинден. Трката која е влезена во календарот на федерацијата и се бодува за купот на нашата земја беше од кружен карактер, а …

Continue Reading

Во Лас Вегас се одржа шампионска парада во чест на хокеарите кои го освоија Стенли купот

Лас Вегас беше домаќин на шампионската парада во чест на победата на хокеарите на Голден најтс во Стенли купот. Парадата се одвиваше по Лас Вегас Стрип, главната улица на градот на казината. На настанот присуствуваа околу 200 илјади луѓе, се наведува на официјалната веб-страница на НХЛ. Во финалето на НХЛ плејофот, тимот од Лас Вегас ја совлада Флорида со 4:1 …

Continue Reading

Верстапен ја освои пол-позицијата во Монтреал

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз синоќа во квалификациите за трката за Големата награда на Канада. Второ најбрзо време имаше Нико Хулкенберг од Хас, додека трет беше пилотот на Астон Мартин Фернандо Алонсо. Сепак, Хулкенберг трката ќе ја започне од петтото место поради казна од три позиции за пребрзо возење за време на црвени знамиња предизвикани од инцидентот …

Continue Reading

Велосипедска трка во општина Илинден

Во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација, денеска на територија на општина Илинден ќе се одржи Велосипедска трка со времетраење од 12:00 до 16:00 часот. Велосипедската трка, како што информираат од Општина Илинден, која е дел од официјалниот календар на државни првенства за велосипедисти, ќе се вози во должина од 100 километри, ќе биде од кружен карактер …

Continue Reading

Над 200 жени на првата ноќна женска атлетска трка во Битола

Над 200 жени учествуваа вечерва на првата женска атлетска трка чиј организатор е спортското здружение „Бори се за целта“. Ноќната атлетска трка насловена „Биди своја“, почна во 19 часот пред битолскиот Офицерски дом и се одржа на патека долж улицата „Партизанска“ на која од двете страни, и покрај дождливото време, учесничките, спортистки и рекреативки, беа со аплауз поздравени од битолчани. …

Continue Reading

ФИА казни два тима за брзо возење во бокс за време на вториот тренинг на канадското Гран при

Астон Мартин и Алфа Таури се казнети поради брзо возење во бокс за време на вториот тренинг на трката за ГН на Канада. Во случајот со Астон Мартин, Ленс Строл ги прекрши правилата. Тој возел по пит-лентата со брзина од 97,8 км на час – ова е 17,8 км на час повеќе од ограничувањето. Тимот е казнет со 1.000 евра. …

Continue Reading

Здружението „Кочански рибар“ почна проект за промоција на спортскиот риболов меѓу младите

Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар” денеска го почна проектот „Спортскиот риболов еликсир за младите“, чија цел е развивање на спортскиот дух кај младите, промоција на риболовот како спортска дисциплина и проширување на можностите за алтернативен туризам во општина Кочани. Проектот се реализира во соработка со Здружението на Роми „Авена“ од Кочани, а вклучени се 20 ученици од основното и средното образование. …

Continue Reading

„Биди своја“ – прва ноќна женска трка во Битола

Спортското здружение „Бори се за целта“, вечер во Битола, од 19 до 22 часот ќе се одржи првата ноќна женска трка, насловена „Биди своја“. Стартот на трката е пред битолскиот Офицерски дом, а ќе се одвива по улицата „Партизанска“, од нејзиниот почеток кај кафе „Триангл“ со крајот на улицата кај комплексот ВЕРО во Нова Битола. Од СВР Битола соопштија дека …

Continue Reading