Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

odbojka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со два контролни натпревари против Романија, денеска и утре во Скопје, македонската машка одбојкарска репрезентација ја почнува завршната фаза пред настапот на претстојното Европско првенство.







Денешниот дуел против Романците ќе биде од затворен карактер, а утрешниот од 19 часот во „Јане Сандански“ со можност за присуство на публика.

По двата дуели против Романија избраниците на селекторот Јошко Миленковски ќе се пресели во Кавадарци каде ќе одигра пријателски натпревари против Израел и Јапонија.

Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од 18 до 20 август во Скопје ќе биде домаќин на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“ на кој покрај македонската ќе настапат и селекциите на Јапонија, Грција и Египет.

Настапот на Европското првенство во групната фаза во Скопје избраниците на Миленковски ќе го почнат против Данска на 30 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK