Дејан Недев се сретна со светската карате легенда Сенсеи Хидео Очи 9 дан

dejan_nedev_324234432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– За време на големиот карате семинар во Германија, Дејан Недев се сретна со светската карате легенда, сенсеи Хидео Очи 9 дан, главен ЈКА инструктор за цела Европа и Германија.







 

На средбата Дејан Недев на сенсеи Очи му ја врачи Македонската карате монографијата насловена “Половина век исполнет со успеси”, монографија напишана од Дејан Недев по повод јубилејот 50 години карате во Македонија.

 

Сенсеи Хидео Очи поранешен повеќекратен светски шампион во традиционално карате во кати и борби, а од 1966 до 1969 година е прогласен за најголем шампион на Јапонија.

 

Од 1970 до 1983 година како тренер и селектор на ја предводи Германската репрезентација во традиционално карате со која има освоено повеќе европски и светски титули. Сенсеи Хидео Очи денес има 83 години и сеуште е активен во карате спортот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK