Поп Ацев најбрз на Илинденскиот пливачки маратон

maraton_234234233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Евгениј Поп Ацев е победник на денешниот пливачки маратон одржан на патеката во должина од 2,5 милометри од Горица до Охрид.







 

Поп Ацев триумфираше во драматична завршница со време 29:02:71 минути, пред Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна втор со време 29:02:98. Третото место го освои Кристијан Стојановски со време 29:23:46.

Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска (31,33,80), пред Јована Неделковска (33.07,11) и Росана Гошева (37.59,32).

 

Маратонот помина во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално на Охридското Езеро по 44. пат.

 

Илинденскиот пливачки маратон е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK