Еден-два за Ферари во квалификациите пред ГН на Мексико

Возачите на Ферари, Големата награда на Мексико ќе ја започнат од првиот ред. Пол-позицијата ја освои Шарл Леклер, втор беше Карлос Саинц, а трет квалификациите ги заврши светскиот прввак Макс Ферстапен. Шарл Леклер ја освои втората пол-позиција сезоната, вкупно 22. во кариерата. Најбрзиот круг го извозе со време 1:17.166 минути. Неговиот колега задоцни за само 67 ијладити делови од секундата, …

Continue Reading

Јужна Африка го освои СП во рагби

Рагбистите од Јужна Африка ја одбранија светската титула. „Спрингбокс“ го совладаа Нов Зеланд во финалето на Светското првенство со резултат 12:11 (12:6) на стадионот во предградието на Париз, во Сент Дени. Африканскиот тим стана светски шампион по рекорден четврти пат и прв со две последователни титули. Претходно беа најдобри на светските првенства во 1995, 2007 и 2019 година во Јапонија, …

Continue Reading

Хамилтон ја предупредува Формула 1: Проверете повеќе болиди, многумина не би поминале

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, рече дека повеќе болиди треба да се проверат по трките и дека многу од нив нема да ја поминат контролата, откако тој и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа дисквалификувани по трката за ГН на САД во Формула 1 во Остин. Седумкратниот светски шампион минатата недела заврши на второто место во Остин, а Леклерк беше …

Continue Reading

„Лесно му е на Алонсо да биде тренер кога учеше од најдобрите“

Жозе Мурињо знаел дека Чаби Алонсо ќе стане успешен тренер. Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во јуниорскиот тим на Реал Сосиедад, а денес успешно го тренира Баер Леверкузен. Многумина го гледаат како наследник на Карло Анчелоти на клупата на „кралскиот клуб“, а Жозе Мурињо воопшто не е изненаден што неговиот поранешен ученик прераснува во добар тренер. „Се знаеше дека …

Continue Reading

Двајца телохранители ќе го чуваат Ферстапен во Мексико

Макс Ферстапен ќе има двајца телохранители покрај себе за време на тркачкиот викенд во Мексико Сити. Ова го соопшти Хелмут Марко, советник во Ред Бул. Причината за ваквата одлука е што не се очекува дека трикратниот светски шампион во Формула 1 ќе добие топло добредојде во мексиканската престолнина. Холанѓанецот доаѓа на теренот на клупскиот колега Серхио Перез. Ферстапен беше жестоко …

Continue Reading

Ферстапен нема да добие топло добредојде во Мексико

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, нема да има топло добредојде на трката за ГН на Мексико. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека навивачите на Серхио Перез не се пријателски расположени кон трикратниот светски шампион. Во тимот кој ја освои титулата кај конструкторите моментално нема добри односи меѓу возачите, додека се почесто се зборува за заминување и на …

Continue Reading

Хамилтон и Леклер дисквалификувани по трката во Остин

Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по Големата награда на САД. По трката во Остин, техничкиот тим на ФИА откри неправилности со нивните болиди, што скапо ги чинеше. Хамилтон, кој има уште една лоша сезона, заврши на второто место. Мерцедес за прв пат ги тестираше промените на возилото во Остин. Леклер, возачот на Ферари, заврши на шестото место, малку …

Continue Reading

Ферстапен во Остин ја запиша 50. победа во кариерата

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, на Голамата награда САД ја забележа 15-та победа сезонава. Холанѓанецот во Остин славеше по 50-ти пат во кариерата. Трикратниот светски шампион стигна до победа и покрај тоа што стартуваше како шести на спектакуларната трка во Америка. Второто место на крајот го зазеде возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, додека трет Ландо Норис во Мекларен. Победата …

Continue Reading

Бол и Ингебригстен најдобри европски атлетичари во 2023

Холанѓанката Фемке Бол и Норвежанецот Јакоб Ингебригстен ги освоија наградите за најдобри европски атлетичари во машка и женска конкуренција во 2023 година на синоќешната свеченост во Вилнус. По двете златни медали на Европското првенство во сала во Истанбул, Бол на Светското првенство на отворено во Будимпешта се закити со златото на 400 метри со пречки и ја предводеше холандската женска …

Continue Reading