Спанулис си замина, Монако има нов тренер

Грчкиот стручњак Василис Спанулис официјално го напушти Монако, потврди клубот од Кнежевството. Спанулис ги пропушти последните два натпревари од националното првенство, што беше повеќе од јасен показател дека крајот е близу. Набрзо пристигна потврдата од клубот за разделбата на двете страни, од генералниот менаџер Олексеј Јефимов. Како и играчите, на Спанулис му доцнеше платата во втората година од неговиот тригодишен …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Дончиќ со трипл-дабл ја реши Минесота

Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота со 120:106, изминатата ноќ во НБА лигата. Натпреварот го обележа Лука Дончиќ, забележа трипл-дабл со 31 поен, 11 скока и асистенции. По изедначеното прво полувреме, Дончиќ го засили темпото и почна да ја растура одбраната на гостите, која не можеше да најде решенија за него. Покрај Дончиќ, за Лејкерси се истакнаа Ривс со 31 …

Continue Reading

(Видео) Гилџес-Александер му пресуди на Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл

Оклахома го победи Денвер со 129:126 во НБА лигата. Мечот го реши актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер со тројка на две секунди до крајот. Денвер постигна 40 поени во првиот период, таа предност Оклахома ја стигна и престигна во вториот. Во второто полувреме, Денвер не дозволи противникот да се одлепи, а во финишот Шеј постигна поени за победа. Во тимот на …

Continue Reading

Вембањама и Сан Антонио го декласираа Хјустон

Сан Антонио Спарс го декласираа регионалниот ривал Хјустон со 145:120 и ја продолжија битката за првото место во Западната конференција, во НБА лигата. Предводени од Виктор Вембањама, Спарс го завршија поголемиот дел од работата во втората четвртина. Го решија овој дел од натпреварот во своја корист со 37:24 и заминаа на полувреме со плус 12. До крајот на натпреварот, тие …

Continue Reading

Јокиќ не може сам, Денвер декласиран од Њујорк, СА од -25 до победа над ЛА Клиперс, Дончиќ ја растури Индијана

  Дебаклот на Денвер на домашен терен, враќањето на Џејсон Тејтум по долгата пауза, брилијатниот пресврт на Сан Антонио и Лука Дончиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Њујорк Никс, во Денвер, ги декласираа Нагетс со 142:103. Покрај поразот, Денвер се загрижени за повредата на Џамал Мареј, кој го повреди зглобот на левата нога во првото полувреме. Дополнително ќе …

Continue Reading

(Видео) Газдата на ПАО наредил да биде симнат банерот со ликот на Бодирога во ОАКА

  Олимпијакос во вечното дерби го победи Панатинаикос со 86:80 и ја забележа 11-та победа по ред во Евролигата, против најголемиот ривал. Сепак, најмногу коментари по натпреварот, во грчката престолнина, предизвика потегот на газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој не го криеше своето незадоволство од арбитражата во дербито. Според информациите од Грција, тој смета дека судењето имало клучно влијание врз …

Continue Reading

Тензии во Монако, Спанулис би можел да поднесе оставка

  Ситуацијата во кошаркарскиот клуб Монако станува сè потешка, а тренерот Василис Спанулис наводно размислува да го напушти клубот по поразот од Фенербахче. Тимот од Кнежевството моментално е на 10-то место во Евролигата со резултат од 14-16, а француските медиуми објавуваат дека инцидентот меѓу Мајк Џејмс и Ели Окобо, кој се случи по натпреварот во Истанбул, дополнително ја влоши веќе …

Continue Reading

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја расипа историската ноќ на Леброн

  Во неизвесна завршница, Денвер Нагетс ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс со 120:113 и го одбранија петтото место во Западната конференција. во исориската ноќ на Леброн Џемс, блескаше Никола Јокиќ со 23-от трипл-дабл во сезоната. Тимот од Колорадо веќе во првата четвртина стекна двоцифрена предност, која продолжи да расте до максимални плус 15. Во ниту еден момент не изгледаше дека …

Continue Reading

(Видео) Тепачка меѓу кошаркарки во САД, настрада и една од судиите

  Во средата, на натпревар од Американската колеџ кошаркарска лига избувна масовна тепачка помеѓу Јужна Алабама и Каролина, што резултираше со исфрлање на осум кошаркарки. Во метежот, судијката исто така беше соборена на паркетот, а ѝ беше укажана медицинска помош на теренот. Инцидентот се случи на турнирот „Сан Белт“, помалку од шест минути пред крајот на четвртата четвртина. Сè започна …

Continue Reading