Сан Антонио Спас се пласираа во финалето на Западната конференција, откако ја добија серија против Минесота со 4-2, додека на Истокот, Детроит со победат во Килвленд избори мајсторка.
Сан Антонио ја прегаси Минесота во шестиот меч со 139:109. Мечот беше решен во третата четвртина кога Спарс дојдоа до предност од 36 поени.
Тимот од Тексас го одигра можеби најдобриот натпревар во плејофот, а херој на вечерта беше Стефон Касл со 32 поени и 11 скока.
Тој имаше одлична поддршка во Дирон Фокс, кој постигна 21 поен и девет асистенции, додека Дилан Харпер додаде 15 поени од клупата.
Францускиот центар Виктор Вембањама забележа 19 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади.
Кошаркарите на Детроит победија во Кливленд со 115:94 и ја изедначија серијата на 3:3, па во седмиот натпревар ќе одлучат кој ќе продолжи понатаму.
Како и во претходната рунда, Пистонс беа на работ на елиминација, но успеаја да се издигнат и ќе се обидат да стигнат до финалето на Источната конференција на свој паркет.
Кога беше најтешко, Детроит потсети зошто го заврши регуларниот дел прв во табелата и речиси рутински го прелета Кливленд на гостински терен.
Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 21 поен, Рид имаше 17, Џенкинс и Дурен имаа по 15 поени. .
На другата страна, Џејмс Харден броеше до 23, Донован Мичел помогна со 18 поени, колку што постигна и Еван Мобли.