Кари Пешиќ го најави крајот на кариерата
Легендарниот Светислав Кари Пешиќ ќе ја заврши својата тренерска кариера на крајот од оваа сезона. Тренерот на Баерн Минхен даде обемно интервју за германскиот весник „Ди Цајт“, во кое го објави своето пензионирање на крајот од сезоната. Еден од најдобрите во историјата на овој спорт моментално има 77 години и во еден дел од интервјуто истакна дека ова ќе биде …
Continue Reading
(Видео) Хаос во грчкото дерби – Олимпијакос го победи ПАО
Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос, во домашното првенство, со 101:94. Олимпијакос имаше фантастичен почеток на крилата на Тајлер Дорси, постигна 18 поени во првата четвртина. Интересно, но целиот тим на Панатинаикос имаше само три поени повеќе од Дорси во тој момент. Во втората четвртина се случи моментот што го одбележа натпреварот, хаос и општа тепачка, што го режираа Кендрик …
Continue Reading
(Видео) Јокиќ со трипл-дабл, Дончиќ броеше до 41
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш доминираа, во победите на своите тимови во НБА лигата. Јокиќ со 33 поени оствари уште еден трипл-дабл, а Дончиќ постигна 41 поен. Денвер Нагетс имаа проблем со еден од најлошите тимови во лигата, Јута Џез. На крајот Јокиќ не дозволи изненадување, а Нагетс славеа по пресврт во последната четвртина со 135:129. Пресвртот го …
Continue Reading
Ивановиќ го напушти Виртус
Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ. Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ. Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година. Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата. Претходно, клубот …
Continue Reading
Кон Кнупел, новиот крал на тројки во НБА
Кошаркарот на Шарлот, Кон Кнупел, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 250 тројки во една сезона. Крилниот играч на Хорнетс ја потврди својата добра форма во победата над Њујорк (114:103). Тој го заврши натпреварот со 26 поени, 11 скока и осум асистенции. За прв пат во кариерата, тој имаше најмалку 25 поени и 10 скока во …
Continue Reading
Трипл-дабл и јубилеј за Јокиќ, 53 поени за Мареј – Дончиќ со 43 поени ја реши Индијана
Кошаркарите на Денвер славеа победа над Далас 142:135. Натпреварот го обележа Џамал Мареј и јубилејот на Никола Јокиќ. Во исто време, ЛА Лејкерс, предводени од Лука Дончиќ, победија во Индијанаполис (130:137). Никола Јокиќ повторно постигна трипл-дабл и дојде до 6.000 асистенции во НБА. Тој стана првиот играч кој достигна 15+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции во два последователни натпревари. …
Continue Reading
(Видео) Јокиќ во Аризона со експресен трипл-дабл и кош за победа
Никола Јокиќ со експресен трипл-дабл и кош за победа го водеше Денвер до тримф во Аризона, над Феникс Санс со 125:123. Со своите поени на 11 секунди до крајот, Јокиќ му ја обезбеди на тимот од Колорадо третата победа по ред, што им овозможи да скокнат на четвртото место во пласманот во Западната конференција, откако го престигнаа тимот од Минесота. …
Continue Reading
Вембањама: Треба да бидам MВП, најдобар сум дефанзивен играч и три пати ја декласиравме Оклахома
Трката за МВП во НБА лигата се води меѓу четворица кошаркари и се чини дека ќе биде решена во последниот натпревар од сезоната. За престижната награда во игра се актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Виктор Вембањама. Прогносите се дека Гилџис-Александер ќе ја одбрани тиулата и покрај тоа што Јокиќ во просек има трипл-дабл, а Дончиќ е …
Continue Reading
(Видео) Ужасна повреда на Мозес Муди
Кошаркарот на Голден Стејт, Мозес Муди, заработи сериозна повреда на коленото за време на натпреварот против Далас. Крилото на Вориорс во контранапад незгодно доскокна, го истегна левото колено и падна на паркетот. На сите во арената им беше јасно дека повредата е сериозна – Муди не можеше да стане и беше изнесен од теренот на носилки. Сè се случи само …
Continue Reading