(Видео) Голден стејт Ворирос се збогуваа со Дејан Милојевиќ

Видео-Голден-стејт-Ворирос-се-збогуваа-со-Дејан-Милојевиќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голден стејт Вориорс му оддадоа почит на покојниот Дејан Милојевиќ со интонирање на српската химна пред почетокот на натпреварот со Атланта.

Секој играч на Вориорс носеше дрес со презимето на починатиот тренер.

Голден стејт се вратија на домашен паркет за прв пат откако помошниот тренер на Вориорс почина минатата недела за време на вечерата во Солт Лејк Сити.

Видеото на големото платно во салата покажа фотографии од Дејан, а публиката скандира „Деки“, како што го нарекуваа во Голден Стејт.

Од другата страна, облечени во дресови на Атланта, беа пријателите на Милојевиќ, кошаркарот Богдан Богдановиќ и помошникот тренер Игор Кокошков. Сопругата на Милојевиќ, Наташа, држеше букет цвеќе, во друштво на децата Маша и Никола. На барање на тренерот Стив Кер, публиката ги поздрави со овации.

Кер ја коментираше насмевката на Милојевиќ и рече дека фотографиите прикажани на големиот екран одлично го прикажуваат неговиот лик.

„Насмевката е совршена. Деки секогаш беше насмеан. Беше многу емотивно да се излезе на теренот без Деки. Сè е премногу свежо и болно, на многу начини нереално. Трениравме неколку дена, но не можете да се подготвите за ова. Се држевме заедно, се обидовме да победиме, во чест на нашиот брат“, рече Кер.

Играчите и стручниот штаб на Атланта му оддадоа почит на Милојевиќ.

Голден Стејт славеше на својот паркет 134:112.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK