Договорено – Клоп ќе ја преземе Германија
Славниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на на репрезентацијата на својата Германија. Дека Клоп ќе биде наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на четирикратниот светски шампион се шпекулираше во претходните денови, а ова го потврдува и сознанието на фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, кој во неделата пишува за постигнатиот договор меѓу двете страни. Клоп ги прифатил условите на …
Continue Reading
(Видео) Златан: Да играв, ќе добиев четири црвени картони
Златан Ибрахимовиќ, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Фокс“, ја пофали француската репрезентација која извојува тешка победа со 1:0 против Парагвај. Апсолутниот фаворит едвај ја „скрши“ јужноамериканската селекција со гол од пенал во 70-та минута. 44-годишникот објасни дека на избраниците на Дидие Дешан им било тешко поради грубоста на Парагвајците. I love a good defensive display. The real reason …
Continue Reading
Арсенал и Бешикташ се договорија за Тросар
Арсенал се согласи да го продаде Леандро Тросард во Бешикташ по Светското првенство, тврдат англиските и турските медиуми. Белгискиот интернационалец е подготвен да го заврши својот три и полгодишен престој на стадионот „Емирати“ и се приближува кон трансфер во турската Суперлига вреден 20 милиони евра, пишува „Трансфермаркт“. Според „Атлетик“, Бешикташ веднаш ќе му плати на Арсенал 18 милиони евра, а …
Continue Reading
Мбапе: Мислеа дека ќе излеземе во одела – знаеме како да играме валкан фудбал
Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута. Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на …
Continue Reading
(Видео) Парагвај скапо ја продаде кожата – Франција со гол од пенал се пласира во четвртфиналето
Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0). Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди. И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот …
Continue Reading
(Видео) Унахи го однесе Мароко во четвртфиналето на СП
Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај. Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада. Меч винер беше …
Continue Reading
Анчелоти: Само Алекс Фергусон може да ми даде совети
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одговори на критиките што ги добива од почетокот на Светското првенство, велејќи дека има само еден човек за кого верува дека е покомпетентен од него кога станува збор за фудбал. Бразил се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство со победа од 2:1 над Јапонија, а триумфот донекаде ги замолчи критиките што го следеа искусниот италијански …
Continue Reading
Мартин Едегард се договорил со Галатасарај
Во екот на настаните на Светското првенство, во САД, Мексико и Канада, од Истанбул пристигна сензационална информација. Капитенот на Норвешка и Арсенал, Мартин Едегард ја прифатил понудата од шампионот на Турција, Галатасарај. Според информациите што доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч од средниот ред ги прифатил условите, а неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро трансферот …
Continue Reading
Клоп потврди дека е во преговори за селектор на Германија
Директорот за глобален фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, потврди дека преговара со Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ). Германија во моментов е без селектор, откако Јулијан Нагелсман беше отпуштен по елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето на Светското првенство. „Можам да потврдам дека преговараме. Работите се случија брзо. Јулијан си замина и ДФБ бара нов тренер. И да, тие преговараат …
Continue Reading