(Видео) Ниланд и Халанд го испратија Бразил од Мундијалот
Норвешка го елиминираше Бразил од Светското првенство. Во Њу Џерси, Норвежаните славеа со 2:1 и се пласираа во четвртфиналето. Ерлинг Халанд ги постигна головите за победа во 79-та и 90-та минута. Голот за Бразил го постигна Нејмар во 10-та минута од судиското продолжение од пенал. Покрај Халанд, најистаккнати во норвешката репрезентација беа голманот Ниланд и асистентот за двата гола Шјелдеруп. …
Continue Reading
Роналдо потврди дека го игра последното СП
Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека го игра последното Светско првенство. Роналдо има 41 година, на Мундијалите нема повеќе да игра, а прашање е дали ќе игра на следното Европско првенство. „Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи ѝ дадов на репрезентацијата сè што имав“, рече Роналдо. …
Continue Reading
Трамп побара, а ФИФА му го поништи црвениот картон на Балагун
Фудбалската асоцијација на Белгија не може да поверува во одлуката донесена од Светската фудбалска федерација (ФИФА). ФИФА го поништи црвениот картон за Американецот Фоларин Балогун, кој го заработи на натпреварот против Босна и Херцеговина, и му додели условна казна (!?), што значи дека ќе може да игра на претстојниот натпревар против Белгија. „Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA) е запрепастена од …
Continue Reading
Договорено – Клоп ќе ја преземе Германија
Славниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на на репрезентацијата на својата Германија. Дека Клоп ќе биде наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на четирикратниот светски шампион се шпекулираше во претходните денови, а ова го потврдува и сознанието на фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, кој во неделата пишува за постигнатиот договор меѓу двете страни. Клоп ги прифатил условите на …
Continue Reading
(Видео) Златан: Да играв, ќе добиев четири црвени картони
Златан Ибрахимовиќ, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Фокс“, ја пофали француската репрезентација која извојува тешка победа со 1:0 против Парагвај. Апсолутниот фаворит едвај ја „скрши“ јужноамериканската селекција со гол од пенал во 70-та минута. 44-годишникот објасни дека на избраниците на Дидие Дешан им било тешко поради грубоста на Парагвајците. I love a good defensive display. The real reason …
Continue Reading
Арсенал и Бешикташ се договорија за Тросар
Арсенал се согласи да го продаде Леандро Тросард во Бешикташ по Светското првенство, тврдат англиските и турските медиуми. Белгискиот интернационалец е подготвен да го заврши својот три и полгодишен престој на стадионот „Емирати“ и се приближува кон трансфер во турската Суперлига вреден 20 милиони евра, пишува „Трансфермаркт“. Според „Атлетик“, Бешикташ веднаш ќе му плати на Арсенал 18 милиони евра, а …
Continue Reading
Мбапе: Мислеа дека ќе излеземе во одела – знаеме како да играме валкан фудбал
Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута. Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на …
Continue Reading
(Видео) Парагвај скапо ја продаде кожата – Франција со гол од пенал се пласира во четвртфиналето
Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0). Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди. И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот …
Continue Reading
(Видео) Унахи го однесе Мароко во четвртфиналето на СП
Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај. Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада. Меч винер беше …
Continue Reading