(Видео) Меси по истрага на МЛС лигата


depositphotos_769692064_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лионел Меси е под истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС поради дуелот со Квин Саливан за време на натпреварот Интер Мајами-Филаделфија Јунион, кој заврши 2:2.


Капитенот на Мајами се соочува со казна бидејќи беше снимен како удира противнички играч во задниот дел од главата.

Средбата помеѓу Мајами и Јунион беше многу напната, а ситуацијата ескалираше во второто полувреме. Меси, кој постигна гол претходно, вербално влезе во дуел со Квин Саливан додека неговиот тим се обидуваше да го врати водството.

Иако помладиот брат на Квин, Каван Саливан, по стартот врз Јаник Брајт, инцидентот со Меси привлече најголемо внимание.

Нервозата на теренот се зголеми откако Јунион израмни, а судирите меѓу играчите станаа почести. Видео кое стана вирално покажува како Меси го удира Саливан во задниот дел од главата со отворена дланка, по што тие вербално се судрија.

Судијата не реагираше за време на натпреварот, па челниците на лигата одлучија да го разгледаат случајот подоцна.

Дисциплинската комисија сега ќе го анализира видеото и ќе одлучи дали се потребни санкции. Доколку се утврди насилно однесување надвор од топката, Меси може да биде казнет или суспендиран на еден натпревар.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK