Фудбалерите на Брајтон одиграа нерешено без голови на гостувањето кај Тромсо во Норвешка во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа.
Натпреварот го обележа гестот на играчите на Брајтон. Повеќе од 400 навивачи патуваа во Норвешка. Тромсо е оддалечен 2.350 километри до Брајтон.
Играчите покажаа дека знаат да го ценат тоа. Решија да им ги вратат парите за билетите на сите навивачи, но тоа не беше единственото изненадување за најстрасните навивачи на „Галебите“.
Секој од нив беше пречекан со маица и шал на седиштето.
Foto/ Depositphotos