Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство
Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај медалот, Англиската фудбалска асоцијација ќе инкасира и нешто повеќе од 25 милиони евра, додека Франција како четвртопласирана ќе добие 23,6 милиони евра. Разликата меѓу третото и четвртото место изнесува околу 1,5 милиони евра. За споредба, светскиот шампион ќе заработи 43,7 …
Continue Reading
(Видео) Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан
Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и упати пропушти неколку чисти шанси за за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан …
Continue Reading
Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс
Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја прифати понудата на Челзи, а Морган Роџерс (23), кој ќе стане фудбалер на Челзи, кога ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник. Челзи ќе плати 117 милиони фунти за шестгодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона. Арсенал …
Continue Reading
Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот
Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот на Аргентина бил одложен за 45 минути поради грмотевици, но светските шампиони подоцна успеале да го реализираат планираниот тренинг. Шпанија, пак, немала толку среќа. Нејзиниот тренинг, по првичното одложување, бил целосно откажан поради лошите временски услови. Селекторот на Аргентина, Лионел …
Continue Reading
ФИФА богато го наградува финалето: еве колку ќе заработи судијата Винчиќ
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Веста лично му ја соопштил претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Винчиќ не можел да ги сокрие емоциите кога дознал дека ќе го суди најважниот натпревар на турнирот. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а …
Continue Reading
Шпанскиот крал и премиерот ќе бидат на финалето, лидерот на Аргентина нема да отпатува поради суеверие
Шпанскиот крал Фелипе Шести, премиерот Педро Санчез и членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Шпанија и Аргентина, додека аргентинскиот претседател Хавиер Милеи нема да отпатува во САД, бидејќи верува дека неговиот ритуал ѝ носи среќа на репрезентацијата. Финалето ќе се одигра в недела во Ист Радерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси, …
Continue Reading
Што ќе се случува со Меси по СП?
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не знае дали актуелниот Мундијал ќе биде последниот во кариерата на Лионел Меси. „Не знам дали ова е неговото последно Светско првенство. Тоа треба да го прашате него. Никогаш не престанува да нè изненадува“, изјави Скалони. Пред финалето против Шпанија, селекторот со многу емоции зборуваше за својот капитен и за генерацијата која во …
Continue Reading
Кукуреља најави повлекување ако Шпанија стане светски шампион
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља изјави дека ќе се повлече од националниот тим доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои титулата. „Ако го освоиме Светското првенство, следниот ден ќе му се јавам на Луис де ла Фуенте и ќе му кажам повеќе да не смета на мене. По европската и светската титула, не може подобро …
Continue Reading
Славата не ме промени многу, сакам да играм фудбал и во следните години, вели Возиња кој е во потрага по нов клуб по успехот на СП
Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, на Светското првенство пристигна како речиси непознат фудбалер, а турнирот го напушта како светска ѕвезда. За само неколку недели од анонимец стана играч кого навивачите го запираат за фотографирање, дава интервјуа за светски медиуми и има милиони следбеници на социјалните мрежи. „Славата не ме промени многу. Морам да останам тоа што сум“, изјави Возиња за …
Continue Reading