(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4


14247567.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја победија Борусија во Менхенгладбах со 4:3.


Дебитантот во германската елита покажа неверојатен карактер и стигна до својата втора победа во исто толку натпревари, иако за време на средбата заостануваше со два гола.

Менхенгладбах поведе во 11-та минута преку Уго Болин, но Давид Моква Нтусу израмни во 29-та минута. Домашниот тим отиде на полувреме со предност, бидејќи Болин го погоди за 2:1 со својот втор гол во 44-та минута.

Кога Џо Скали погоди за 3:1 во 56-та минута, се чинеше дека Елверсберг ќе го претрпи првиот пораз во Бундеслигата. Гостите, сепак, не помислија да се предадат.

Михаел Кратенмахер го намали дефицитот во 66-та минута, а Фисник Кајдел го израмни резултатот во 80-та минута и најави драматична завршница.

Целосен пресврт се случи во третата минута од судиското продолжение. Со својот втор гол во натпреварот, Кратенмахер му донесе победа на Елверсберг од 4:3.

Така, по сензационалната победа над Баер Леверкузен со 3:2 на своето деби во Бундеслигата, Елверсберг победи уште еден реномиран противник. Клубот од град со само околу 13.000 жители штотуку влезе во највисокиот ранг, а по првите две кола има максимални шест бода и веќе е најпријатното изненадување на првенството.

Резултати:

Хофенхајм – Борусија Дортмунд 2:3 (1:0)
(Авдулаху 45 и Лемперле 54 – Гираси 61, Фабио Силва 66, Хајдари 87 (аг) )

Баер Леверкузен – Унион Берлин 4:0 (2:0)
(Фернандез 1, Медина 28, Шик 48, Маза 66)

Вердер Бремен – РБ Лајпциг 3:1 (1:0)
(Динкчи 4, Филкруг 68, Грил 80 – Баку 90+5)

Падерборн – Фрајбург 0:1 (0:1)
(Егештајн 26)

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK