Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата.
Домашниот тим поведе во 26. минута. Антоан Семењо испрати одличен центаршут, а Халанд остана сам пред голот и лесно ја испрати топката во мрежата со глава за 1:0.
Манчестер Сити можеше да го дуплира водството, но Рајан Шерки ја погоди стативата во 23. минута, пред голот на Норвежанецот, додека Халанд ја погоди мрежата по втор пат во 58. минута, но голот беше поништен поради офсајд.
Нотингем Форест ремизираше со Тотенхем без голови. Тотенхем, во летниот преоден рок потроши 355 милиони евра, го освои првиот бод, но не суште нема постигнато гол оваа сезона.
Кристал Палас го победи Фулам по пресврт во второто полувреме со 3:2, а во натпреварите помеѓу Брајтон и Лидс и Брентфорд и Сандерленд, резултатот беше 1:1.
Foto/ Depositphotos