Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А.
По здодевното прво полувреме, во второто се случи вистински спектакл. Три гола во иинтервал од шест минути.
Наполи поведе во 50-та минута, кога Матео Политано најдобро реагираше на одбиена топка во шеснаесетникот и им донесе предност на гостите со прецизен удар кон левата статива.
Само три минути подоцна, Наполи го дуплираше водството, Расмус Хојлунд со одличен удар од работ на шеснаесетникот погоди за 2:0. Сепак, Интер не се предаде, Лаутаро Мартинез го намали резултатот на 2:1 три минути подоцна.
Домашните продолжија да напаѓаат, а нивните напори се исплатија во 82. минута, Маркус Тирам реагираше брилијантно на центаршут и со глава го израмни Интер. Францускиот напаѓач потоа пропушти голема шанса, а на спротивната страна Наполи, не успеа да ја врати предноста, откако најпрвин Нерез, а потоа и Ангиса не погодија од чисти позиции.
Целосниот пресврт се случи во судиското продолжение, во 91-та минута, Лаутаро Мартинез се најде на вистинското место по одбиена топка и ја испрати под пречката за 3:2.
Foto/ EPA