Дефанзивецот на Сити на радарот на Барселона

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, е на „радарот“ на Барселона. Каталонците влегуваат во зимскиот преоден рок со приоритет да ја стабилизираат дефанзивната линија. Барселона мора да биде активна на пазарот, поради повредата на Андреас Кристенсен, на кого му се прогнозира долга пауза, но и поради отсуството на Роналд Араухо, за кого нема најави кога би можел да им се …

Continue Reading

Тешки денови за Иско и Бетис

Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза. Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја. „Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, …

Continue Reading

Фенербахче понудиле 40 милиони за Давиде Фратеси

Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер. Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што …

Continue Reading

За да не ја активира клаузулата, Левандовски морал да престане да постигнува голови

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови, за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски. „Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во …

Continue Reading

„Да беше Салах Англичанец, секој ден ќе му креваа статуи“

Египет успеа да ја победи Јужна Африка и да се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Мохамед Салах го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал. Веројатно најдобриот играч на Ливерпул во оваа деценија, а потенцијално и понатаму, се мачи оваа сезона на клупско ниво, како и остатокот од тимот, но се чини дека токму Салах добива најмногу …

Continue Reading

(Видео) Волејот на Доргу му пресуди на Њукасл

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа. Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа. Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, …

Continue Reading

Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“

Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0. Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон. Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот. Шпанската фудбалска федерација …

Continue Reading

Нови масовни апсења во Турција – „паднаа“ 14 фудбалери

Нов бран апсења во Турција спроведе локалната полиција по налог на обвинителството, кое со месеци истражува осомничени за наместување на голем број фудбалски натпревари. Во новата акција спроведена во петокот, уапсени се дури 29 лица, од кои 14 биле фудбалери, а 24 од нив се задржани во притвор, објавија локалните медиуми, цитирајќи го соопштението на Јавното обвинителство во Истанбул. Ова …

Continue Reading

Иниње за враќа во Серија А, ќе работи со поранешниот тренер

Поранешниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње (34), чиј договор со Торонто истече, би можел да потпише за Лацио во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Клубот од Рим е подготвен да му понуди шест месечен договор со можност за продолжување за дополнителна сезона. Во прилог на неговото доаѓање во Лацио е фактот дека повторно би соработувал со тренерот Маурицио Сари. Италијанскиот …

Continue Reading