Барселона се распрашува за Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“. Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година. „Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна …
Continue Reading
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното. „Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари. Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не …
Continue Reading
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми. Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра. Тренерот на Спарс, Томас Франк, …
Continue Reading
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб. Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман. Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да …
Continue Reading
Крос за СП: Не ми се допаѓа форматот со 48 репрезентации
За шест месеци, во САД, Мексико и Канада ќе се одржи првото Светско првенство во фудбал со 48 репрезентации. Репрезентациите се распредели во 12 групи, во секоја има по четири национални титмови. Пласман во нокаут фазата од натпреварувањето ќе остварат двете првопласирани екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани селекции. Во случај на еднаков број бодови за екипите во …
Continue Reading
Кавани замина во пензија
Единсон Кавани (38), еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 15 години, објави дека ја заврши својата импресивна кариера. Во богатата кариера, Кавани играше за својот Данубио, потоа стана легенда за Палермо и Наполи, бидејќи играше во Италија шест години, а потоа направи трансфер во ПСЖ во летото 2013 година за 64.500.000 евра. Помина цели седум години во Париз, ги освои …
Continue Reading
(Видео) Ѓимшити го честеше Интер за Нова година, нероазурите ја победија Аталанта
Фудбалерите на Интер ја победија Аталана, во Бергамо со 1:0 и се вратија на челната позиција цо Серија А. Годината Интер ја заврши со 36 бода, еден повеќе од Милан и дваод актуелниот шампион Наполи. Интер не блескаше, но во Бергамо го искористи подарокот на Берат Ѓимшити. Дефанзивецот на Аталанта, во 65-та минута дозволи Лаутаро да го „пресече“, неговото нелогично …
Continue Reading
(Видео) Тинејџер погоди за победа на Тотенхем кај Кристал Палас
Фудбалерите на Тотенхем победија како гости кај Кристал Палас со 1:0 во натпревар од 18-то коло од Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол беше тинејџерот на Тотенхем, Арчи Греј (19) во 42-та минута. За Греј ова е прв сениорски гол во Премиер лигата. Нему му асистираше Бразилецот Ричарлисон. Tottenham midfielder Archie Gray scores with header! 🏴 Crystal Palace 0-1 Tottenhampic.twitter.com/5qcyoOTfPo …
Continue Reading
(Видео) Хојлунд го реши Кремонезе
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно беше стартер за Наполи, Во Кремона, Наполитанците славеа над Кремонезе 2:0. Елмас одигра просечен натпревар, беше заменет со Ноа Ланг в 51-та минута. Натпреварот во Кремона мина во знакот на Расмус Хојлунд. Данецот, кој сезонава игра како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола. Наполи рутински го победи Кремонезе. Победата ја најави Хојлунд …
Continue Reading