(Видео) Лефков: Богац уапсен поради сомнение дека местел тендери, вистинското лице на СДС е афери, скандали, тендери и криминал

Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, кажа на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. На сајтот на јавни набавки се гледаат, вели тој, неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче да престане да води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од Бугарија, вели тој, се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму …

Continue Reading

„Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија, а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко …

Continue Reading

СДСМ потврди дека Богоев е уапсен: „Политички прогон за дефокусирање на јавноста“

СДСМ со соопштение потврди дека е уапсен поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Од опозицијата велат дека премиерот, Христијан Мицкоски, со денови го најавувал неговото апсење и обвинија дека станува збор за политички прогон за дефокусирање на јавноста. „На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди …

Continue Reading

Мицкоски по средбата со Кошта: Не бараме привилегии и олеснети правила

Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии. Не бараме олеснети правила. Не бараме нешто што не им припаѓа и на другите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на прес – конференција по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите …

Continue Reading

Мицкоски го пречека Кошта: „Граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат“

Премиерот, Христијан Мицкоски, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Денеска остварив средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на која разговаравме за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија. Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и …

Continue Reading

Мицкоски во првата половина на јуни ќе ја реструктуира партијата, а во втората половина Владата

Премиерот Христијан Мицкоски  сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата. „Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме …

Continue Reading

Несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, вели Мицкоски за посетата на Кошта

Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нема да му го смени мислењето на премиерот Христијан Мицкоски во однос на проблемот со Бугарија. На само неколку часа пред средбата со Кошта, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нов базен во Карпош, повтори дека Владата останува на ставот прво да добие гаранции дека нема да има …

Continue Reading

Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, велат од „Вреди“ по неговата оставка

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од „Вреди“, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. „Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за …

Continue Reading