ЗНАМ не очекува измени во своите ресори при реконструкцијата на Владата
ЗНАМ не очекува никакви измени во делот на нивните ресори, изјави портпаролот на Движењето, Никола Мемов на денешната прес конференција. Тој беше прашан од новинарите дали министерот за правда, Игор Филков, ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Владата. Мемов појасни дека партијата пред две години принципиелно влегла во преговори со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на Програмската платформа, која е дел …
Continue Reading
ЗНАМ: Изјавите на Пендаровски отвораат сомнежи за политички пазари со правдата
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска преку прес-конференција изрази сериозна загриженост по изјавите на поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Според партијата, овие изјави отвораат суштински прашања за тоа дали правдата во земјава се договарала зад затворени врати и по барање на поранешниот премиер Никола Груевски. Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, истакна дека не станува збор за дневнополитичка полемика, …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра
Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката, истакна Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен …
Continue Reading
(Видео) „Филипче секојдневно бара Уставни измени, повеќе дури и од Бугарите“, вели Манасиевски
„Филипче секојдневно бара Уставни измени, дури повеќе и од Бугарите. Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на …
Continue Reading
Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20% во првото тромесечје на 2026
„Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година“, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. „Овие бројки претставуваат силен показател …
Continue Reading
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол …
Continue Reading
ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
„Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција“, велат од ЗНАМ. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, „дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции“. „Тоа …
Continue Reading
(Видео) Костадинова: Ќе поднесеме иницијатива за враќање на стариот ценовник на ПОЦ, за конечно ослободување од погубните политики на Герасимовски
Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци. Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови. „Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили …
Continue Reading
Целосно свесен за сложеноста на реалниот живот, Мицкоски се пофали дека сме меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП
Осврнувајќи се на најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека бројките покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што, според него, претставува исклучителен резултат. „Сакам да нагласам дека сум целосно свесен за …
Continue Reading