ВМРО-ДПМНЕ: Додека едни само ветуваа и купуваа парцели вдолж трасата, оваа Влада преминува кон изградба на автопатот Скопје-Блаце


avtopat-depositphotos_751744198_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект. Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, преку која Македонија ќе има пристап до пристаништата во Црна Гора и Албанија и ќе ја поврзе со соседно Косово.

Додека за овој автопат само се даваа празни ветувања и се купуваа парцели вдолж предвидената траса од одредени лица со сомнителна позадина и лица поврзани со некои политички партии, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша договори, обезбеди финансиски средства, избра консултант и изведувач, а надзорот е во процес на евалуација.

Интензивно се работи на целосно завршување на останатиот дел од автопатот Охрид-Кичево по кој веќе се вози на 37 километри од самата делницата, а на почеток од 2027 се очекува целосно да биде пуштен во употреба.

На оваа автопатска делница, за две години се решија голем број наследени проблеми, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање и со т.н. галерии се најде решение и за косините.

Од друга страна, со полна пареа се работи и на автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д. И таму се решаваат наследените нерешени проблеми, како што е експропријацијата и на терен се забележува голем напредок.

Ваквото инвестирање во патната инфраструктура доведе до тоа, во Македонија да се случува голем градежен бум невиден до сега во поновата историја на државата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK