Министерот Спасовски во Букурешт ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до задутре предводи делегација од МВР во Букурешт, каде што ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“. Спасовски, како што информира МВР, за време на работниот престој …

Continue Reading

Миле Талевски: Мицкоски не направи ништо за македонскиот идентитет

Резолуцијата на германскиот Бундестаг со силна поддршка за европскиот пат на земјава и признавање на македонскиот јазик и идентитет е уште една потврда за државничките политики на СДСМ. Меѓународната поддршка никогаш не била посилна, а тоа ќе се потврдува и со следни резолуции на пријателски земји. СДСМ со своите коалициски партнери успеа да го зацврсти и дополнително да го афирмира …

Continue Reading

Ковачевски на јубилејот на Институтот за македонски јазик: Аманетот на Мисирков е испочитуван

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по …

Continue Reading

Ковачевски: Верувам дека до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, се зависи од која перспектива гледате на работите

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не како замена за зачленувањето, туку со цел подобрување на нивните перформанси и капацитети, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја иницијативата што вчера ја промовираше поранешниот претседател Бранко Црвенковски да им се овозможи на државите од …

Continue Reading

Ковачевски: Со Законот за престојувалиште конечно ќе се стави крај на децениските проблеми

Со Законот за престојувалиште конечно ќе се стави крај на децениски проблеми за законско регулирање на престојот на лица, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање. – Знам дека пратениците веќе го донесоа Законот за матична евиденција, што им овозможува на 600 лица да се стекнат со извод од матична книга. Законот за престојувалиште, исто така, е во …

Continue Reading

Во правосудството треба да се направи ремонт, порача премиерот Ковачевски

Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси и закони во делот на правосудството, бидејќи сите анализи и изјави на дипломати тоа го покажуваат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. На новинарско прашање во врска со вчерашната изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој рече дека едно од можните решенија, за кои разговарал и со политичките партии …

Continue Reading

Претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава, истакна Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски се уште на ја видел денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев според кој, земјава „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“, но истакна дека претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава. -Не сум ја видел изјавата и не би …

Continue Reading

Ковaчевски: Македонскиот јазик е дел од европските јазици

Македонскиот јазик е веќе дел од европските јазици. Македонскиот јазик јасно стои испишан на преведувачките кабини во Брисел, целото ЕУ законодавство се преведува на македонски и билатералниот скрининг се одвива на македонски јазик, рече денеска премиерот Димитар Ковечевски. Одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето на јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години …

Continue Reading

Пендаровски: Ако опозицијата опстои на променетиот став, уставните измени не се недостижни

Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, …

Continue Reading