Ковачевски: Иницијативите најдобро се мерат според резултатите, Отворен Балкан ќе остане отворен за сите

Отворен Балкан е произлезен од регионот и таа иницијатива во никаков случај не е во спротивност со која било друга иницијатива, особено не со Берлинскиот процес. Произлезен како идеја од три земји од регионот е секогаш отворена и за сите други земји од регионот, без разлика дали се тие членки на ЕУ или не се членки на ЕУ и таа …

Continue Reading

Шаќири до дипломците на Универзитетот „Мајка Тереза“: Искористете го образованието за позитивни промени во општеството

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на свечената церемонија на дипломираните студенти на петтата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој нагласи дека дипломирањето е важен чин за студентот, посочувајќи дека тоа значајно парче хартија ги крунисува годините напорна работа, посветеност и упорност.-Крајот на студирањето е само почеток на едно ново поглавје во вашите животи, поглавје …

Continue Reading

Ковачевски: Ја поддржувам оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет. -Не е првпат да има оценска мисија од страна на Европската Унија, имало во минатото. Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано …

Continue Reading

Ковачевски – Рама: Берлинскиот процес и останатите регионални иницијативи обезбедуваат побрза евроинтеграција на земјите од регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама, на која во фокус на разговорот биле перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама, соопштија од владината прес-служба, се согласиле дека евро-интегративните процеси …

Continue Reading

Битиќи се сретна со новиот полски амбасадор Гжелчик: Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новиот амбасадор на Полска во Северна Македонија, Кшиштов Гжелчик со кого разговараше за можностите за продлабочување на трговската размена помеѓу двете земји, со акцент на подготовките за пристигнување на полска бизнис делегација во нашата земја во септември. Како што информираат од неговиот кабинет, посакувајќи …

Continue Reading

Шаќири: За десет дена МОН ќе има став дали ќе се поместува почетокот на учебната година

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година. -Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто …

Continue Reading

Уставен привремено ги запре изводите со „националност“, Лога најавува ново упатство

Уставниот суд вчера со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, министерот за …

Continue Reading

Османи – Герапетритис: Унапредување на соработката и одржување на позитивната динамика во односите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со новоименуваниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Честитајќи му за именувањето на новата позиција, Османи изрази уверување дека и за време на неговиот мандат ќе продолжи стратешкото партнерство и плодната соработка со Грција, заснована на пријателство, меѓусебна доверба и разбирање, соопшти МНР. Во фокус на разговорот беше …

Continue Reading

Османи во Стразбур на средби со Мијатовиќ и Пејчиновиќ-Буриќ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска во Стразбур оствари средби со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и со комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ. Османи претходно денеска се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), каде ги претстави осегашните активности во својство на претседавач на ОБСЕ, при тоа како клучни …

Continue Reading