–>

Спасовски од Градскиот парк во Куманово: Низ дружба со граѓани и најмладите ги запознаваме со посветеноста на припадниците на Единицата за брзо распоредување

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со највисокото раководство на МВР, присуствуваше во Градскиот парк во Куманово, каде што беше изложена опрема на Единиците на МВР, како и на заедничко дружење на македонската полиција со кумановци, а во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, како уште една потврда на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ”. Претходно, министерот Спасовски во кругот на СВР Куманово го откри Спомен обележјето во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско„Диво насеље”, а во одбрана на Куманово.





„На сите припадници на ЕБР им го честитам Денот на единицата, 22 години постоење јакнење, напредување, се’ во интерес на државата и граѓаните. Денеска низ многу активности овде во Куманово ја одбележуваме годишнината од формирањето на оваа елитна единица на МВР. Во Куманово затоа што оваа прослава ја посветивме на осумтемина полициски службеници кои ги дадоа своите животи во настаните 2015 година кога беше извршен терористичкиот акт во Диво Насеље. Овде во градскиот парк се дружиме со граѓаните, со најмладите, изложена е опремата, можат да ги видат сите активности на специјалните единици, да се запознаат со вештините, но најмногу со посветеноста на секој еден припадник на ЕБР”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека воедно беше исполнета една света обврска.

„Денеска во рамките на прославата на Денот на ЕБР имавме настан на којшто исполнивме една света обврска а тоа е откривање на спомен обележје во чест на осумте загинати припадници на САЕ Тигар и на ЕБР, со тоа го исполнивме нашиот долг, меѓутоа, и праќаме порака дека сите оние кои се вградуваат и се вградиле во темелите на македонската државност треба да бидат почитувани од секој еден во државата и тоа да биде нивен аманет како треба да ја чуваме Македонија”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека токму ЕБР е една од најелитните единици во состав на МВР, формирана во 2001 година.

„ЕБР е единица која секогаш е на браникот на безбедноста, на браникот на државата, во заштита на интересите на граѓаните и практично целиот свој живот секој еден припадник на оваа единица го посветува на мирот, стабилноста и на безбедноста. Во оваа прилика сакам на сите припадници да им посакам многу здравје, лична и семејна среќа, могу успеси во работите и секако да продолжат и понатаму да бидат чувари, столбови на безбедноста, мирот, стабилноста и заеднички да придонесуваме, не само за националната безбедност, туку и за глобалната безбедност”, истакна министерот Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK