Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност ќе има!
ПОЧНУВАМЕ СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ! ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА! Денес во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција. На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура …
Continue Reading
Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме
Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште помалку Димитриевски; тој може да дозволи или да забрани знамиња во неговиот приватен дом, истакнува Кренар Лога, генералниот секретар на АА. Владата, додава Лога во својот напис на социјалните мрежи, е дом на сите граѓани на Северна Македонија, а следствено …
Continue Reading
Николовски – Кочоска: Преку стратешки пристап до економска трансформација на Македонија
Се обврзавме на економска трансформација на Македонија и раст на економијата од 5 проценти. Притоа потребни се реформски политики и поддршка во нивното спроведување на највисоко ниво. Резултатите треба да бидат мерливи преку забрзување на транспортот и трговијата, сузбивање на криминалот и корупцијата, подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови директни инвестиции. Ова беа едни од суштинските пораки …
Continue Reading
Муцунски-Меидани: Враќањето на проширувањето на ЕУ на агендата е значајно за регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Албанија, Денион Меидани. Министерот Муцунски, посакувајќи му успешна мисија на новиот албански амбасадор, изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете …
Continue Reading
Средба Тошковски – Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на …
Continue Reading
(Видео) Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1.200 и 1.800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада, објави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Како што рече, станува збор за паричен надоместок кој како и …
Continue Reading
Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од Преспанскиот
Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да стави вето за Албанија, а преку експертска група да подготви повлекување од, како што вели, национално опасниот Договор од Преспа. „Мицотакис да стави, како Бугарија, вето на секој чекор на Скопје, чија неодговорност мора да ја осудуваме тука и сега. …
Continue Reading
АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата влада за Законот за игри на среќа
„По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која тој најави ревидирање на Игрите на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да го поздравиме пристапот на новата влада и воедно порачуваме дека сите членки на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои во ниту еден момент не смеат да бидат исклучени од процесот на одлучување …
Continue Reading
Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме за понатаму
Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа. Смета дека функционерите кои оставиле чист образ, лесно можат да се снајдат. „Навистина не мислам дека е оправдано пред граѓаните, носители на јавни функции кои патем кажано извршуваа и одговорни позиции, да останат на товар на граѓаните. Ако навистина сите …
Continue Reading