Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. „Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска. „Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.
Continue Reading
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис. „Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни“, изјави Трипуновски. Ова …
Continue Reading
Тошковски-Лимани: Jа анализиравме ситуацијата на граничните премини за пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници
Денеска во МВР, министерот Панче Тошковски се сретна со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. „Заедно ја анализиравме ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници на двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори кога огромен број од нашите …
Continue Reading
Претседателот Гаши оствари средба со амбасадорката на Романија
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте, со која заклучија дека двете земји во континуитет градат добри меѓусебни односи, кои се очекува да се надградуваат и во следниот период. Претседателот Гаши истакна дека двете земји во годините наназад имаат многу заеднички точки. Тој посочи дека Северна Македонија може да искористи …
Continue Reading
Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда
На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата која беше поставена во 2015, во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а извадена во 2019, од Зоран Заев, за објектот да биде отворен за граѓаните, повторно ќе биде поставена околу објектот. „Со оглед на тоа што досега објектот на …
Continue Reading
Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Чешка
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план. Претседателот Гаши изрази задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е …
Continue Reading
Владата одлучи: Укинување на позицијата економски директори на Клиниките, нови кадрови решенија и враќање на оградата на владината зграда
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема …
Continue Reading
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
Движењето ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција. Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател на своите внатрепартиски избори поради …
Continue Reading