Законот за укинување на економски директори на Клиниките денеска на владина седница
Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги. Според новите законски одредби, …
Continue Reading
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски поднесе оставка од функцијата. Деспотовски објасни дека неговиот мандат истекува во декемрви, но свесен е за новата политичка реалност. Додава дека она што кулминирало деновиве бара негов целосен ангажман. Деспотовски беше еден од предлозите за нов претседател на СДСМ, но на внатрепартиските избори што се одржаа викендов беше поразен од ексминистерот за здравство, Венко Филипче. …
Continue Reading
Средба Муцунски – Милер: во фокусот, унапредувањето на човековите права
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на УНИЦЕФ во земјава, амбасадорката, Лесли Милер, со цел предавање на копиите од акредитивните писма. Муцунски и’ честиташе на Милер за именувањето на функцијата претставник на УНИЦЕФ, изразувајќи уверување дека со нејзиното искуство и посветеност ќе придонесе за зајакнување на заемната соработка во периодот што следи. …
Continue Reading
Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани направи гаф кога наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со кои делат исто презиме. „Многу успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир“, рече Муртезини. Потоа тој се пошегува на своја сметка коментирајќи: „Ова се случува кога со амбасадорот сте фанови на познатиот актер Ричард Гир“.
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев
Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби. Самите членови и функционери на …
Continue Reading
Средба Тошковски-Агелер: во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Министерот Тошковски изрази благодарност кон амбасадорката на САД за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси …
Continue Reading
Муцунски – Гир: Упатена благодарност за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир. На средбата, министерот Муцунски, го нагласи силниот фокус на новата Влада за забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на …
Continue Reading
ЛДП: Инцидентот на Голем Кораб е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот
Во врска со инцидентот на врвот Голем Кораб, каде што албанскиот планинар Шулку ја искина и фрли македонската информативна табла, изразуваме длабоко разочарување, ваквиот чин е неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да не обединуваат, а не да не делат, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија. -Очекуваме одговорност и реакција од сите вклучени страни, …
Continue Reading
Филков-Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупијата, состојбите во правосудството,затворите како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности. Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на …
Continue Reading