Борис Кондарко повторно е избран за претседател на ДИК

boris-kondarko-dik-nova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната седница, Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), по смената на власта во земјата.



Борис Кондарко, кој беше досегашен член на ДИК и поранешен претседател на ова тело, е избран за претседател на Комисијата на предлог на СДСМ, додека потпретседател ќе биде Абдуш Демири од Беса.

Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски.

Собранието донесе одлука за распишување на оглас за избор на двајца нови членови на ДИК.

Кондарко веќе беше на чело на Државната Изборна Комисија во 2011 година. На 18 октомври 2013 година поднесе оставка од лични причини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK