Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата кои застареа, а граѓаните плаќаат милиони оштета
Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше истакнато откако претходно денес, лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче, побара од Владата да донесе нов кривичен законик и призна дека згрешиле кога со претходниот владин состав донесоа законик што значително ги скрати казните за злоупотреба на службената положба и придонесе …
Continue Reading
Министерот Дурмиши во Приштина: Заинтересирани сме да ја зголемиме соработката со Косово на секое поле
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари работна средба со министерката за економија Артане Ризваноли. За време на официјалната посета и средба беа разменети мислења за важни прашања поврзани со продлабочувањето на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти за регионално поврзување. Министерот Дурмиши за време на средбата …
Continue Reading
Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи
Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека за одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност. „Ми претставува чест и привилегија да ја извршувам функцијата заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што …
Continue Reading
„Нема повеќе багатела храна на државна сметка“ – за 50 отсто зголемени цените во владините објекти
Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Тој рече дека нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, со оглед на тоа што цените во собранискиот и владиниот ресторан беа значително поевтини од оние кои им се достапни на граѓаните. „Излегувајќи во пресрет на овие …
Continue Reading
Левица: Власта именува директор на затвор од ЗНАМ гонет за несовесно работење
„На последната Седница на Владата за в.д. директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ. Јанески во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од …
Continue Reading
Средба на министерот Дурмиши со косовската министерка Хајдари: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе се подобри конкурентноста на регионот
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво и трговија Розета Хајдари. Главна тема на средбата помеѓу двајцата министри беше продлабочување на соработката помеѓу двете земји. Министерот Дурмиши истакна дека фокусот на Министерството за економија и труд сега ќе биде креирање на конкретни мерки …
Continue Reading
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила
ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата политика во која Македонија е рај за евтина работна сила, а каде вработените се секогаш на второ место. Ова го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиумите на кој меѓу другото се осврна и на, како што рече, лошите економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува уште на почетокот од својот мандат, а …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми
Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата кои денес ги упати претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите. „Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка …
Continue Reading
Филипче: Како со временска машина ВМРО-ДПМНЕ го уназади напредокот во меѓународната политика
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема ниту план, ниту патоказ по кој ќе ја креира надворешната политика на земјата. Предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе успеат да издејствуваат подобри услови за преговори со Европската Унија и дека ќе добијат цврсти гаранции за превенирање на понатамошни блокади сега се разобличуваат. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на …
Continue Reading