Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини оствари средба со преставници на УСАИД
Продуктивна средба со делегацијата предводена од Џери Дибл, претставник на УСАИД во земјава. Заеднички споделивме важнистратешки приоритети на двете институции, пред се’, за модернизација на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка. Градењето одржлив, функционален и модерен енергетски систем останува највисок приоритет на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и УСАИД.
Continue Reading
Реакција на соопштението на Левица во врска со назначувањето на г-дин Емил Јанески за Директор на КПД Прилеп
Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ја информира јавноста во врска со лажните вести продуцирани од Левица, а во врска со назначувањето на г-дин Емил Јанески за Директор на КПД во Прилеп. Против г-дин Емил Јанески, како поранешен директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп најодговорно тврдиме дека никогаш не е отворен обвинителен акт за несовесно работење во службата, ниту пак е …
Continue Reading
(Видео) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на комисиската расправа посветена на ребалансот на буџетот истакна дека при образложувањето на буџетот јавноста сфати дека новата влада не знае што прави во моментов, ниту пак знае што ќе прават во наредниот период. „Една таква влада имавме, таа до 2016 која велеше дека има некаков план и тогаш имавме кратење на даноци, кратење …
Continue Reading
Муцунски на средби со Гир, Силвестри, Памер и Шредер: истакната важноста на евроинтегративниот процес и испорачувањето реформи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и Јирген Шредер, економски советник, шеф на Advantage Austria за регионот. На средбата со амбасадорот Гир, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на …
Continue Reading
Мисајловски во посета на Првата пешадиска бригада: ќе биде вложен максимален напор секој војник да биде опремен како што доликува за НАТО Армија
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски беа во посета на Првата пешадиска бригада, ударната тупаница на Армијата. Мисајловски на средбата со командантот на 1.пбр, бригадниот генерал Сашко Лафчиски упати искрена благодарност до припадниците од Армијата кои се вклучени во гаснењето на пожарите од земја и од …
Continue Reading
Мицкоски: Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со „Синохидро“, инаку имаше опасност да плаќаме пенали од 50 милиони евра
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на новинарско прашање во текот на настанот организиран во Стопанската комора даде коментар за одлуката на кинеската компанија „Синохидро“ за повлекување од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. „Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон „Синохидро“, а „Синохидро“ кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 …
Continue Reading
(Видео) Битиќи предупреди: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција. Со нарушување на буџетското правило за дефицитот и неговото зголемување од 3,4% на 4,9% од БДП и зголемувањето на јавниот долг од 58% на 68%, во најава е Франкенштајн економија, во која различни и често контрадикторни економски политики преку ребалансот се соединуваат во една нефункционална и разорна целина“, рече пратеникот од СДСМ, и …
Continue Reading
Средба Тошковски-Лосон: Одлична соработка на професионално ниво и поддршка во борбата со корупцијата и организираниот криминал
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон. На средбата министерот Тошковски ја изрази својата благодарност за одличната соработка и континуираната поддршка од Обединетото кралство како на нашата држава така на министерството во областа на безбедноста, особено за последната донација на дронови кои ќе се користат од страна на граничната полиција …
Continue Reading
Мицкоски: Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд
Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој учествуваше на одбележувањето на 102- годишнината од основањето на Стопанската комора, каде одговаше на новинарско прашање за најавите за вработување на 600 млади специјализанти. „Министерот за здравство, господинот Таравари направи еден преглед на расположливи специјализанти условно кажано, млади лекари коишто практично …
Continue Reading