ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
„Додека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти. Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, …
Continue Reading
Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ
На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески, велат од СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста. „Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма. …
Continue Reading
Мицкоски: Има прашања за кои нема компромиси и договори под маса, нема играње со нашиот идентитет, јазик и култура
Пред триесет и пет години нашите граѓани не гласаа само за нова политичка реалност, за нови институции, за сопствено знаме, валута или место меѓу државите во светот, тие гласаа една вековна идеја, дека еден ден на овие простори ќе постои слободна држава која самата ќе решава за својата иднина. Затоа 8 Септември е повеќе од празник на независноста, истакна во …
Continue Reading
Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете, повика СДСМ
Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А владата на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста, реагираат од СДСМ. „Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста …
Continue Reading
Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред три години, кажа Мицкоски од Охрид
Охридскиот аеродром добива поинаква динамика и квалитет, истакна премиерот Христијан Мицкоски на официјалното пуштање во употреба на реконструираната терминална зграда на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Тој очекува, како што рече, во периодот којшто следи, бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром да се зголемува. Охридскиот аеродром, според Мицкоски, е значајна …
Continue Reading
Ахмети: Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, порача дека празникот е можност да се потсетиме на патот по кој поминала државата, но и да се размисли каква држава ќе им биде оставена на идните генерации. “Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Но, многу …
Continue Reading
Зајкова: Македонија не е ничија партиска сопственост, доволно беше барање виновници, време е за одговорност
Денес, три и пол децении подоцна, време е барем на Денот на независноста да престанеме да се лажеме дека за сè што не функционира секогаш е виновен некој друг, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова по повод Денот на независноста. „Имам 35 години. Родена сум во независна Македонија. Не паметам друг државен систем, но паметам држава која целиот мој живот …
Continue Reading
Демократскиот сојуз: Тежок пат до независност
Распадот на Југославија претставуваше историска можност за остварување на вековните стремежи на македонскиот народ – Македонија да прогласи самостојност и да се етаблира како независна и суверена држава. Процесот на осамостојување се одвиваше во исклучително сложени геополитички и балкански околности, оптоварени со историски наследства, идеи за големи држави, но и со силни притисоци и обиди Македонија да не успее да …
Continue Reading
„Вреди“: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава
Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава. Овој ден им припаѓа на сите граѓани на земјата, без разлика на нивната етничка припадност, јазик, вера или политички убедувања, се вели во честитакта од „Вреди“, по повод 8 Септември. Тоа е ден, додаваат …
Continue Reading