Сексуалното образование оди на ревизија
Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средното образование по реакциите во јавноста, а програмата ќе биде подложена на ревизија, соопшти денеска министерката Весна Јаневска. На одлуката реагираше ХЕРА, од каде што оценуваат дека сексуалното образование е една од системските алатки за заштита на младите од насилство, злоупотреба и дезинформации. Јаневска рече …
Continue Reading
Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние успеваме веќе два месеци по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија. Во јули беше 2,3%, додека во Европската Унија беше 2,9%, во август беше 2,6%, а на ниво на Европската Унија е …
Continue Reading
Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании
Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат проговори за цената на настаните, сепак не кажа колку пари се платени уметниците и организаторите со објаснување дека не се потрошени средства на граѓаните. Кажа дека досега молчел за тоа оти сакал сите да го доживеат како посебен момент. „Имам …
Continue Reading
(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди
Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време на говорот за независноста, критикува Социјалдемократскиот сојуз. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес-конференција рече дека Мицкоски најпрво повикал граѓаните да не се делат, а потоа продолжил со поделби. „Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност …
Continue Reading
Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно
До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти партијата. Оттука велат дека испраќањето какви било пратки и пакети кон Соединетите Американски Држави (освен обични писма) е речиси невозможно поради блокада. Ова е директен удар врз егзистенцијата на илјадници наши сограѓани, микро-интернет трговци и занаетчии, кои преку малопродажба го …
Continue Reading
Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица
Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на Град Скопје и член на Централниот комитет на Левица. Со своето досегашно политичко дејствување, таа е активно ангажирана во борбата за социјална правда, работнички права и еманципација на жените. „Антифашистичкиот фронт на жените на Левица пропагира лев феминизам, поаѓајќи од …
Continue Reading
СДСМ ја поддржува идејата на ЛДП: Веќе дадовме предлог закон за двојно државјанство
„СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието“, велат од СДСМ. „Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока. СДСМ уште …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
„Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт. ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа …
Continue Reading
СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
„Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните. Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста“, велат од СДСМ. „Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична …
Continue Reading