Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ


mickoski-filipche-VMRO-SDSM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески, велат од СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста.


„Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство.

Хипокризија во најчиста форма.

На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината.

Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди.

И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител“.

Ова, оценуваат во опозициската партија, не е државнички говор, туку отворена закана.

„Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита.

Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа – криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите“.

Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог, децидни се од партијата на Филипче.

„Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.

СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK