Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред три години, кажа Мицкоски од Охрид


681bc5ab-7bea-349f-25ec-338d16a21634.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Охридскиот аеродром добива поинаква динамика и квалитет, истакна премиерот Христијан Мицкоски на официјалното пуштање во употреба на реконструираната терминална зграда на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Тој очекува, како што рече, во периодот којшто следи, бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром да се зголемува.


Охридскиот аеродром, според Мицкоски, е значајна алка пред се, како што вели, за развојот на целокупниот регион, за развој на Македонија како држава, но истовремено и за развој на Охрид, Струга и другите општини кои што се во близина на овој аеродром, затоа што на тој начин се развива македонската економија.

„Од тоа што можев да го дознам, од претставниците на ТАВ аеродроми коишто навистина импресионираат со нивната работа во Македонија изминативе години, е фактот дека оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден кога практично имаме добиено најголем број на патници до сега во историјата, повеќе од 3 илјади на еден ден. А, исто така имаме и ден кога има повеќе од 20 полетувања што исто така претставува значајна бројка.

Тој изрази уверување дека во периодот којшто претстои со градежните активности и владината поддршка бројките ќе се дуплираат.

Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи и понатаму да инвестира во инфраструктурата и да ја направи Македонија крстосница во регионот.

„Јас знам дека имаме сеуште многу проблеми за решавање, знам дека може не се живее онака како што посакуваме да се живее, но исто така сум убеден дека со сите овие инвестиции кои што ги прави македонската влада, со сите овие активности коишто ги правиме како Влада денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години.

А убеден сум дека за три години од денеска Македонија ќе биде уште подобро место за живеење споредено со денес. На што го темелам ова мое убедување? Го темелам на фактот дека сме мотивирани како никогаш досега, а поддршката која што ја добиваме од граѓаните не инспирира како никогаш досега да продолжиме да работиме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK